Родена во Мароко, живее во Париз – Откријте повеќе за животот на инспиративната пејачка Хинди Зара

Родена во јужен дел на Мароко, еманципираната и космополитски настроена Хинди Зара, живее номадски живот. Пејачката и текстописец со слободен дух своето животно искуство го преточува во музика. 

FotoJetglavna

Поради својот квалитет, често е споредувана со Били Холидејс, Џенис Џоплин и Пети Смит. Во 2010 година го издава својот прв соло албум „Handmade“, заедно со синглот „Beautiful Tango“, а неколку години подоцна го издава и вториот албум, насловен „Homeland“.

Во продолжение следува листа со факти поврзани со животот на Хинди Зара.

- Иако е родена во Мароко, денеска Хинди Зара живее во Париз.

- Роднините на Хинди Зара се музичари кои ја создале мароканската психоделична сцена.

- Уште како дете, Хинди секојдневно била на пат со нејзините родители и доаѓала во контакт со спектарот на мароканската музика. 

- Нејзините идоли: Ела Фицџерал и египетската дива Оум Калтум.

- На почетокот свирела како уличен уметник покрај реката Сена.

- Хинди Зара се залага музиката од својата родна земја да ја искачи на едно повисоко ниво, да воведе нови инструменти, особено пијано и електрична гитара и да создаде хармоничен спој од разновидни инструменти.

- Британското списание „Wire“ песната „Beautiful Tango“ ја издвојува како една од најдобрите од албумот „Handmade“.

Секогаш инспиративната Хинди Зара пристигнува ова лето на Д Фестивал. Пејачката која ги спојува мароканската и париската сцена, на 14-ти јули ќе одекне во живо на главната сцена на Д Фестивал.

Покрај неа ќе настапат и други музички ѕвезди како Mahmut Orhan, Ofenbach, Tom Novy, Akua Naru, Napalm Death, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Страјк, Vojko V, Captain Hook и уште многу други кои ќе настапат од 12-ти до 14-ти јули во Дојран.

FotoJet1

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...

Најчитани неделава