Вудсток не е прв фестивал - кога и како настанале музичките фестивали?

Пред да станат главна атракција, потеклото на фестивалите може да се проследи до 6 век п.н.е, односно античките собири. 

Kratka istorija na muzickite festivali 01

Терминот „фестивал“ првпат се појавува во англискиот јазик кон средината на 16-тиот век, а потекнува од зборот „гозба“. 

Корените на денешните музички фестивали можат да се поврзат со религија и класична музика. На пример, во 18 век, Фестивалот на три хорови ги доближил големите Росини, Моцарт и Бетовен во катедралите во Англија. 

Ова е кратката историја на музичите фестивали:

Во 1952 година е основан Њупорт Џез фестивал во Роуд Ајленд, со што започнува културата на одбележувањето фестивали во западниот свет. 13.000 луѓе присуствувале на фестивалот за да ги слушнат џез и блуз песните на познатите пејачи како Били Холидеј и Ела Фицџералд.

И тогаш се случиле 60-тите години…

Наспроти она во што можеби верувате, Вудсток не бил првиот фестивал од ваков вид, иако е најпознат. Музичките фестивали, кои го славеле мирот, љубовта, културата и бегството од конвенционализам, започнале во 1967 година со

Меѓународниот фестивал на поп музиката во Монтереј - прв рок-фестивал во Америка.

Џими Хендрикс ја запалил својата гитара, Џенис Џоплин ја започнала својата кариера, а Америка се запозна со The Who. И така започна „Лето на љубовта“.

Kratka istorija na muzickite festivali 02

Во 1969 година се одржа еден од најпознатите музички фестивали, „Woodstock Music and Art Fair“ (кој честопати се нарекува само Вудсток). Фестивалот станал меѓународен настан. Во три дена, колку што траел, се собрале повеќе од 400.000 луѓе.

Во текот на 70-тите, популарноста на музичките фестивали се проширила низ целиот свет, а овие масивни музички собири почнале да се појавуваат насекаде, од Јужна Америка до Африка.

Духот на 60-тите години бил пренесуван уше две децении, со различни поджанрови на рок, од панк до метал.

Во 1980-тите, рок фестивалите станале почести низ целиот свет. Меѓутоа, Европа и Америка сè уште биле фаворити. Некои од најистакнатите нации кои се приклучиле на флотата биле Заир, Колумбија и Југославија.

Во 90-тите години излегува нов жанр, од подземјето на советскиот Берлин: ЕДМ.

Kratka istorija na muzickite festivali 03

Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, во раните 90-ти, електронската музика почна да ги шири своите крилја. Така се развива техно во Германија и асид хаус во Велика Британија, што придонело за раѓањето на модерната рејв култура.

Во 90-те години почнуваат да се појавуваат и фестивали за електронска музика.

Денес фестивалите ги посетуваат околу 75.000 луѓе, а постојат и неколку историски изведби, од револуционерната пирамидата на Дафт Панк со ласери до воскресението на Тупак преку холограм.

Може да се тврди дека, бидејќи станале мејнстрим, фестивалите ги изгубиле своите идеали, градејќи го патот кој ја слави продажбата на билетите, наместо политички активизам и изразување преку музика.

Но, едно нешто музичките фестивали отсекогаш го правеле – ги собирале луѓето и ја славеле музиката, а ова секогаш и ќе го прават.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Несудена“ на Деан Коцевски е вистинско освежување на македонската сцена - рок балада која освојува ... Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што д...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по висти... Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН п...
Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безв...
Музика која зборува за вашиот бренд – интервју со креаторите на персонализираната радио услуга за би... „Нашата услуга функционира многу едноставно, но ефикасно. Секој клиент доби...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg