Тие се златен пар во светската музичка индустрија: Дејвид Гета и Сиа

Славната DJ ѕвезда Дејвид Гета, и американската пејачка Сиа важат за еден од златните тандеми во светската музичка индустрија. 

tie-se-zlaten-par-vo-svetskata-muzicka-industrija-dejdiv-geta-i-sia-001.jpg

Нивната соработка започна во 2011 година со песната „Titanium“, која Дејвид го зацврсти на тронот како еден од најуспешните продуценти на 21. век, и ја лансираше музичката кариера на мултиталентираната Сиа.

Иако, првично „Titanium“ била наменета за Mari J Blige, верзијата која Сиа ја снимила го освоила францускиот уметник до тој степен што тој ја променил својата првична одлука.

Нешто лудо се случува кога работиме заедно – нашата песна „Titanium“ целосно ги преврте работите наопаку за двајца.

Таа беше супер инди уметник, која никогаш не била поп изведувач во класична смисла, но потоа ја создадовме „Titanium“ и мене многу ми се допадна, не сакав да ја дадам на кој било друг освен нејзе, зашто никој не пее како неа.

И тогаш таа рече: „Ок, но тоа е моја последна песна и не сакам да одам на турнеи или да правам било какви промоции…“.

Но излезе дека оваа песна ги промени нашите животи. –раскажува Гета.

tie se zlaten par vo svetskata muzicka industrija dejdiv geta i sia 1

По само неколку дена од објавување, „Titanium“ се најде на првите позиции на светските музички листи и оствари продажба од повеќе од милион примероци.

Во годините потоа, двојката беше речиси неразделна, а последната нумера на која имаат работено е хит синглот „Flames“, како и песната „Flying on my own“, која го најавува новиот албум на музичката дива Селин Дион.

Во продолжение ви претставуваме некои од најголемите хитови на дуото.

Wild One Two (2012)

Во исто време кога се појави „Titanium“, Сиа ја сними нумерата „Wild Ones“, која ја потпиша Flo Rida. Многу брзо во етер се појави и ремикс на песната само со вокалот на Сиа, кој го направија Гета и Ники Ромеро.

She Wolf (Falling To Pieces) (2012)

Иако планирала песната да ја даде на познатата Cher, Сиа се предомислила и ја снимила со помош на Дејвид Гета. За нејзиниот успех најдобро зборува бројката од пола милијарда прегледи само на YouTube каналот на францускиот продуцент.

The Whisperer (2014)

Сиа е единствена уметница која успеа да го „припитоми“ Гета и во негова продукција да направи поп балада. Како што и се очекуваше, синглот „The Whisperer“, кој се појави на неговиот албум „Listen“ во 2014 година ја одушеви публиката и критичарите.

Bang My Head (2015)

Дејвид и Сиа во 2015 година уште еднаш се здружија за да создадат уште една тропско-летна химна „Bang My Head“, која се најде на албумот на пејачката, насловен „This Is Acting Album“ на кој е и мегахитот „Cheap Thrills“. Соработката уште еднаш беше повеќе од успешна.

Helium (2018)

Клавирската балада која се најде на албумот на филмскиот хит „Fifty Shades Darker“ доби своја верзија направена од Гета и Афроџек.

Flames (2018)

Седмата соработка на Дејвид и Сиа има фанки твист на нивната заштитна мотивациска химна, а Сиа за овој вид на синтетичка продукција каква што може да се очекува на саундтрак од некој нео-нуар криминален трилер, изјави : „Само движете се, најдете сила денес“.

„Flames“ ја претставува Сиа во нејзино најдобро издание, со неверојатен, јак и емотивен глас, додека познатиот DJ, како и во секоја песна до сега, носи целосно заразен бит кој е уште еден доказ зошто тој се смета за еден од најпопуларните музичари на светот.

Сите овие хитови публиката ќе има прилика да ги слушне на крај на летово на настапот на Дејвид Гета кој во рамки на својата турнеја, на 1-ви септември настапува на Sea Dance фестивал на плажа Буљарица во Будва.

Почна продажбата на еднодневни влезници

Голем интерес е забележан за влезниците за годинешниот Sea Dance фестивал од цел свет.

Во продажба се еднодневните влезници со дури 35% попуст по промо цена од 999 денари за прв и втор ден поединечно, и 1199 денари за трет фестивалски ден. 

Пакет влезници за сите три дена на фестивалот достапни се по промотивна цена од 2050 денари, а можат да се купат во продажна мрежа на MkTickets.

Потсетуваме, во тек е омилената „3+1“ акција, наменета за сите оние кои сакаат незаборавно летно фестивалско искуство со својата екипа.

Тричленото друштво кое заедно ќе купува карти за Sea Dance четвртата влезница ја добиваат на подарок.

Повеќе информации може да најдете на www.seadancefestival.me

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg