Тамара Тодевска се врати во времето кога настапуваше на Макфест со Маријана и Росана (фото+видео)

Поминаа 28 години откако Тамара Тодевска првпат настапи на сцената на Макфест заедно со Маријана и Росана, а по настапот во овогодишниот ревијален дел на фестивалот, пејачката се врати назад во времето.

tamara-todevska-se-vrati-vo-vremeto-koga-nastapuvashe-na-makfest-so-marijana-i-rosana-foto-video-01.jpg

На 34-тото издание на Макфест, Тамара Тодевска имаше одличен настап во ревијалниот дел, каде отпеа неколку нејзини хитови, но нè потсети и на дел од макфестовските хитови низ годините.

Облечена во стилски долг фустан, Тамара заблеска на сцената на Макфест 2019-та и ја размрда публиката, како и гледачите, со нејзината енергична изведба.

По настапот, на нејзиниот Инстаграм профил таа објави фотка од неа со легендарните Маријана и Росана, со кои ѝ беше првиот настап на овој музички фестивал.

„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша - Имаш ли трема? - Што е тоа трема?, и одговорив. ?

Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија.“ – стои во Инстаграм објавата на пејачката.

Се сеќавате ли на песната Љубов со која Тамара за првпат го претстави ангелскиот глас на Макфест 1991-ва?

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Тамара Грујеска со нова песна - „Срце знае сè“ После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior,и многуте освоен...

Најчитани неделава