Што сè прават пејачките за да го зачуваат својот глас?

Да бидете позната пејачка не ви треба само талент, туку треба и да се грижите за вашиот глас.

shto-se-pravat-pejachkite-za-da-go-zachuvaat-svojot-glas-01.jpg

Со цел да звучат најдобро на своите настапи, професионалните пејачки го тренираат нивниот глас секој ден. 

Но покрај вежбите и часовите по пеење, тие користат бројни трикови што им помагаат да го зачуваат нивниот глас.

Во продолжение, погледнете некои од најинтересните:

Пијат сирови јајца

Ако ѝ се верува на народната медицина, лекот за зачувување, но и подобрување на состојбата гласните жици, се сировите јајца.

Се верува дека оваа храна добро го влажни грлото и ги „подмачкува“ лигаментите, па го прави гласот поубав.

Во ова веруваат и професионалните пејачи и пејачки, па голем дел од нив консумираат сирови јајца пред настап.

Наводно, најдобро е да се испие едно јајце наутро и едно навечер. Доколку сакате да го пробате овој трик, осигурете се дека јајцата се свежи и квалитетни.

shto-se-pravat-pejachkite-za-da-go-zachuvaat-svojot-glas-02.jpg

Естетско подмладување на гласните жици

Естетската хирургија станува сè попопуларна, па не е ни чудно што денес постои дури и подмладување на гласните жици.

Ова е хируршка интервенција при која од стомакот се вади сало, кое потоа се пресадува на гласните жици.

Масните клетки од салото на стомакот произведуваат естроген, хормон што ги подмачкува гласните жици. Ова, пак, резултира со посилен и почист глас.

Најпрво методот се појавил во Америка, но во последно време се прославува и во Европа и другите држави.

shto-se-pravat-pejachkite-za-da-go-zachuvaat-svojot-glas-03.jpg

Избегнуваат чоколадо

Изгледа дека чоколадото е голем непријател на гласните жици. Па доколку сакате музичка кариера, изгледа ќе треба да се откажете од ова задоволство.

Всушност, чоколадото е можеби најлошата храна што пејачите можат да ја консумираат пред настап.

Причината е што тоа содржи многу шеќер и кофеин - состојки што имаат лошо влијание врз гласните жици.

Шеќерот може да се „заглави“ во грлото и да го зголеми лачењето слуз, што пак го прави гласот непривлечен.

Од друга страна, кофеинот ја исфрла водата од организмот, а ова предизвикува сувост во грлото и усната празнина.

Покрај чоколадото, пејачите и пејачките не пијат ни кафе пред настап.

shto-se-pravat-pejachkite-za-da-go-zachuvaat-svojot-glas-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Антониа и Благица Павловска ја препеаја легендарната „Чукај, чукај“ - сопругот на Гиговска специјале... „Гушкајте се, простувајте, смејте се повеќе… додека срцето чука - имаме сè. „Чук...

Најчитани неделава