Нови божиќни песни што треба да ги додадете на вашата празнична плејлиста
Празничниот шопинг, украсувањето и дружбата со семејството и пријателите се неизбежни овој период.
А, додека го правите сето ова, веројатно сакате да слушате и музика.
Денес постојат безброј божиќни песни, но факт е дека на сите им досади од повеќето. За среќа, познатите артисти секоја година нè изненадуваат со нешто ново, а истото важи и за оваа.
Па ако повеќе не сакате да ги слушате Wham! и Мараја Кери, дајте им шанса на овие нови божиќни песни:
„Christmas Tree Farm“ – Тејлор Свифт
Оваа романтична поп песна ќе ве расположи за љубов. А кога ќе ја слушнете, сигурно ќе сакате да бидете во близина на саканите.
„Like It’s Christmas“ – Jonas Brothers
Оваа песна го има препознатливиот поп-рок звук на бендот и навистина сладок текст за саканата личност.
„All I Want (For Christmas)“ – Лиам Пејн
Можеби насловот ве потсетува на Мараја, но ова е сосема поразлична песна. Ова е балада за „смирување“ со партнерот во празничната сезона.
„Make It to Christmas“ – Алесија Кара
Ако периодов ви е тежок, тогаш ова е песната за вас. Текстот ќе ви помогне да ја погледнете добрата страна на вашата ситуација, а веселата мелодија сигурно ќе ви го подобри расположението.
„Christmas in New York“ – Леа Мишел
Ова е песна за атракциите што ги нуди Њујорк овој период од годината, како лизгањето на мраз во близина на елката пред центарот Рокфелер.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





