15 ремек-дела кои ја обележаа кариерата на маестралниот Оливер Драгојевиќ

Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите хрватски пејачи. Роден е на 7 декември 1947 година во Вела Лука, место лоцирано на островот Корчула.

15-remek-dela-koi-ja-obelezhaa-karierata-na-maestralniot-Oliver-Dragojevikj 01 630x340.jpg

На петгодишна возраст, на подарок добил хармоника, која ја користел за да ги забавува своите другари. Посетувал музичко училиште во Сплит каде прво научил да свири пијано, потоа кларинет и гитара.

Извонреден музичар, добитник на безброј награди, кој позади себе остави 23 студиски албуми, преку двесте песни за кои велат дека „го допираат срцето“. Целиот свој живот го посветил на музиката.

За огромна жал, во 2017 година, на овој маестрален пејач му беше дијагностициран карцином на белите дробови.

По едногодишна битка со оваа ужасна болест, тој почина во болница во Сплит, на своја 71 година.

Неговата смрт целосно ги погоди луѓето, не само од неговата родна Хрватска, туку ширум екс-ју просторите.

За него велат: „Замина душата на Хрватска“... Тој замина, но неговите песни никогаш нема.

Изборот негови најдобри песни е навистина бесмислен, затоа што секоја остава свој посебен траг и како што велат: за вкусовите не се дискутира.

Затоа, во продолжение ви издвојуваме 15 песни на овој легендарен музички уметник, кои на некој начин ја одбележаа неговата кариера и без кои не можеше да помине ниту еден од неговите концерти.

„Балони“

„Поета“

https://www.youtube.com/watch?v=Fnd5-4a3Gks

„Тко сам ја да ти судим“

„Кад ми доџеш ти“

„Траг у бескрају“

„Без тебе“

„Шта то бјеше љубав“

https://www.youtube.com/watch?v=eRHi7sIXGFk

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg