Александар Тарабунов - Тара не мирува: „Дај ми“ е неговото ново музичко парче!

Александар Тарабунов – Тара не мирува! Пејачот повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“.

aleksandar-tarabunov-tara-ne-miruva-daj-mi-e-negovoto-novo-muzichko-parche-01.jpg

Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат со интересно lyric видео преку кое што е ставен акцент на текстот во песната кој што е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.

„Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе „Дај ми“, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што е препознатлив за мене“, откри пејачот.

aleksandar-tarabunov-tara-ne-miruva-daj-mi-e-negovoto-novo-muzichko-parche.jpg

„Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после извесен период пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов и на истиот можете да се претплатите.

Освен „Дај ми“ пред повеќе од еден месец Тара го промовираше видеото за темата „Нема крај“, а деновиве објави и интересен кавер.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава