„Мајка ми не те сака, а таа ги сака сите“ – Кога пејачите навредуваат други пејачи во своите песни

Не е тајна или ништо необично што американската музичка сцена е исполнета со чудни односи. Кога ѕвездата е изнервирана или лута очигледно постои само еден лек – да се сними песна и јавно да се бламира личноста кон која е вперен прстот.

Koga-pejachite-navreduvaat-drugi-pejachi-01.jpg

Во следните песни нема тајни пораки и на сите им е повеќе од јасно за кои други познати музичари или славни лица пеат популарните ѕвезди:

Канје Вест – Famous

Познато е дека Канје Вест и Тејлор Свифт не се сакаат. Пејачот отиде дотаму што рече дека е позната благодарение на него и сними песна за тоа. Тој дури и не се обиде да го скрие тоа затоа што ја нарекуваше по име во песната.

Тејлор Свифт – Bad Blood

Освен кавгата со Канје, Тејлор многу долго време не беше во добри односи ниту со Кејти Пери. Денес сето тоа е зад нив и тие се пријателки, но Тејлор во едно интервју изјави дека Кејти практично се обидела да ѝ ја саботира целата турнеја кога сакала да ѝ ги „украде“ луѓето кои соработувале со неа.

Тејлор Свифт – Look What You Made Me Do

Многумина мислат дека и оваа песна е за Кејти Пери, но иако никогаш не е официјално потврдено, 99% е сигурно дека таа пее за Канје Вест и Ким Кардашијан. Секој пат кога ќе спомене змијата, таа треба да биде симбол што го претставува токму овој пар.

Џастин Бибер – Love Yourself

Кога излезе оваа песна, Џастин и Селена Гомез раскинаа по којзнае кој пат. На сите им беше јасно кому е посветен стихот: My momma don’t like you / And she likes everyone.

Ед Ширан – Don’t

Со години, обожавателите шпекулираат и се убедени во теоријата дека оваа песна зборува за љубовниот триаголник помеѓу Ед Ширан, Најл Хоран и Ели Голдинг. Ед никогаш не го потврди ова, но рече дека е многу искрен во песната, но исто така и дека станува збор за нешто што го доживеал, односно за некое лично искуство.

Мајли Сајрус – 7 Things

Во далечното минато, Мајли и Ник Џонас беа пар. Додека сè не се распадна, а Мајли пееше за тоа. Во видеото има мали нешта што откриваат дека ова е песна за Ник. Покрај тоа што има фотографија од неа и Ник, таа во видеото носи и ѓердан кој ѝ го подарил токму тој.

Холси - You Shoud Be Sad

Сексапилната пејачка го стави „на тапет“ поранешното момче G-Eazy поради лошиот однос во врската и неговите неверства. Таа отиде толку далеку што во песната го испеа стихот „Драго ми е што немав бебе со тебе“, по што се шпекулираше дека доживеала спонтан абортус за време на нејзината турнеја. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава