Се поврзува преку музика: Андреа Бочели објави моќно видео од Дубаи, а потоа му пееше на Salt Bae

По спектакуларниот настап во Операта и уживањето во неговата музика проектирана на Бурџ Халифа покрај Дубаи фонтаната, од што објави видео полно со емоции, Бочели го посети и ресторанот на познатиот Salt Bae каде му одржа мини концерт во кујна. 

se-povrzuva-preku-muzika-andrea-bocheli-objavi-mokjno-video-od-dubai-a-potoa-mu-peeshe-na-salt-bae-1.jpg

Дубаи Операта организираше концерт од кој беше дел и легендарниот италијански тенор Андреа Бочели, покрај неколку други музичари од ОАЕ и Израел.

Настанот беше насловен „A Celebration of Peace“ (Прослава на мирот), а неговиот перформанс како и секогаш, се опишува како спектакуларен.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1336675284171558913%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.khaleejtimes.com%2Fnews%2Fphotos-uae-israeli-artistes-perform-with-legendary-singer-andrea-bocelli-at-dubai-opera

На неговата Фејсбук страна беше објавено и видео од моментот додека кај Дубаи Фонтаната ужива во неговата музика, со неговиот албум Believe, проектиран на Бурџ Халифа.

Иако не може визуелно да го доживее овој момент, тој се поврзува со светот преку музика, универзалниот јазик, кој допира до душата и срцата, како што тој ја нарекува.

Бочели бил и во посета на ресторанот Nusr-et Дубаи, каде добро познатиот Salt Bae доби специјален концерт во неговата кујна.

Прочитајте и Ослепел на 12 години, сопругата ја запознал кога имала 18, а тој 43: Факти за Андреа Бочели

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...

Најчитани неделава