Домашна музичка мајсторија – 13 песни на Куку Леле кои секогаш нѐ „поместуваат“ од столче

Одговорно можеме да потврдиме дека на дланка може да се избројат оние коишто никогаш досега не чуле барем една песна од најпопуларното музичко дуо „Куку Леле“.

Domashna-muzichka-majstorija-13-pesni-na-avangardniot-bend-Kuku-Lele-koi-sekogash-umeat-da-ne-pomestat-od-stolche 01 630x330.jpg

Станува збор за бенд чија музика со децении ја забавува македонската публика, составен од легендарните Роберт и Панки.

Без разлика дали станува збор за брза и динамична мелодија, или пак брутално реалистична балада, овие песни имаат умешност да погодат директно во срцето на секој поединец.

Двајцата маестрални пејачи, покрај неоспорливиот квалитет на нивните музички дела и тоа како можат да се пофалат со едни од најзапомнените и најекстравагантни видео спотови.

Domashna-muzichka-majstorija-13-pesni-na-avangardniot-bend-Kuku-Lele-koi-sekogash-umeat-da-ne-pomestat-od-stolche 02 630x380.jpg

Оние коишто присуствувале на нивните концерти и настапи повеќепати изјавиле дека Роберт и Панки со својата енергичност, дефинитивно се гаранција за незаборавно „луда“ забава.

Па така, воопшто не е ни чудно што секој нивен настап е пропратен со неверојатна рекордна посетеност.

Неоспорно е дека секоја песна на овој бенд си има своја приказна, но овојпат ви издвојуваме 13 песни на „Куку Леле“ кои навистина можат да „нѐ поместат“ од столче:

1. „Стамбол со сѐ Бардовци“

2. „Куку Леле“

3. „Кучка неверна“

4. „Не плачи, не жали“

 

5. „Кажи ми, речи ми“

6. „Ти немаш појма“

7. „Постела рози“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg