„Со тебе најдов среќа“ - Досега необјавена песна на Влатко Илиевски, музичарот кој прерано го загубивме (видео)

По иницијатива на таткото на Влатко Илиевски, Драган Илиевски – Вршац, беше промовирана досега необјавена песна, „Со тебе најдов среќа“, во изведба на нашиот рокер со нежна душа, кој прерано замина. 

so-tebe-najdov-srekja-dosega-neobjavena-pesna-na-vlatko-ilievski-koj-prerano-go-zagubivme-video-01.jpg

Влатко Илиевски почина на 6-ти јули 2018-та, на само 33-годишна возраст и остави многу луѓе зад себе, скршени од болка.

Неговиот татко, Драган Илиевски – Вршац, најави дека се подготвува албум со песни кои ги отпеал Влатко, но досега не биле објавени, со цел да се зачува во спомен неговото дело и сето она што го работел.

Како најава за тој албум е песната Со тебе најдов среќа, која беше промовирана на 7-ми февруари 2021, а видео записот, монтиран од Дејан Таневски, беше објавен на Фејсбук Фан страната на Влатко.

Слушнете ја досега необјавената песна во изведба на нашиот омилен рокер со нежна душа, како што многумина го нарекуваа:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава