Корејци ја „згрмеа“ на сцена српската „Молитва“ – Марија Шерифовиќ воодушевена од нивната изведба (видео)

„Колеги, ви честитам, ова е најдобрата верзија на Молитва, заедно ќе снимиме нова верзија“ – напиша Марија откако популарна корејска група на српски јазик ја испеа нејзината песна.

korejci-ja-zgrmea-na-scena-srpskata-molitva-marija-sherifovikj-voodushevena-od-nivnata-izvedba-video-01.jpg

Популарна група од Јужна Кореја, буквално ја „згрме“ на сцена евровизиската песна на Марија Шерифовиќ, во оригинална, српска верзија, без ниту една грешка.

Phantom Singer е музичко шоу кое се емитува секој петок во Јужна Кореја, а последниот настап на популарната група Edel Reinklang го воодушеви и Балканот.

Тие настапија со победничката, евровизиска песна на Марија Шерифовиќ, Молитва, која ја отпеаја во својот стил, во класична верзија.

Корејците буквално „грмеа“ на сцената додека ја изведуваа на српски Молитва и ја воодушевија публиката, но и Балканот, откако видеото од настапот се прошири во регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=bmfCvAG1WiA&ab_channel=WillieSeth

Марија Шерифовиќ, воодушевена од нивната изведба, им честита на своите колеги и најави заедничка верзија кога ситуацијата ќе се смири:

„Малку е да кажам дека сум воодушевена од тоа како ја изведоа песната на чист српски јазик. Тие се големи ѕвезди во Јужна Кореја и синоќа се допишувавме и епилогот од сето тоа е заедничка соработка. Кога ситуацијата во светот малку ќе се стабилизира, ќе снимими заедно нова верзија на Молитва“ - пренесуваат српските медиуми.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Забрането“ - нова песна на Марија Спасовска по една година пауза Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, ...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Горан Тонев, преживеаниот гитарист од ДНК, објави песна снимена пред трагедијата: „Не бев подготвен ... „Песната ја снимивме само неколку дена пред да се промени сè... Остана необјавен...

Најчитани неделава