Светски звук и изглед: Антониа Гиговска има нова песна - Магнет! (видео)

(15.09.2021) „Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер го промовираше на своите социјални мрежи.

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-01.jpg

Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“.

Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец.

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-02.JPG

По се изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“.

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-8.JPG

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-04.JPG

- Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа се. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим - вели младата Антониа.

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-10.JPG

Она за што исто така доби многу позитивни коментари е нејзиниот стајлинг. Многумина го нарекоа светски и дека одлично и прилега.

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-09.JPG

svetski-zvuk-i-izgled-antonia-gigovska-ima-nova-pesna-magnet-video-03.JPG

Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново со кое сме сигурни дека повторно позитивно ќе ја изненадат публиката. Она што е важно да се напомене, е тоа дека за неколку месеци Антониа ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи.

Да не должиме многу, слушнете, споделете и уживајте во најновата песна на Антониа - Магнет!

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава