Every Breath You Take на Стинг, Like a Virgin на Мадона - култни хитови чии текстови имаат сосема поинакво значење

Постојат многу песни чии стихови имаат некакво симболично значење, а не она што нам прво ни паѓа на памет.

Every-Breath-You-Take-на-Стинг-Like-a-Virgin-na-Madona-kultni-hitovi-chii-tekstovi-imaat-sosema-poinakvo-znachenje 01 630x330.jpg

Песните како Perfect Day и Purple Haze кои на прво слушање имаат љубовена тематика, според некои толкувања всушност зборуваат за нешто сосема трето. Има и такви кои кријат некои интересни настани зад нивните зборови.

Дали некогаш сте запеале некоја позната песна и некој ви го поставил прашањето: „Дали знаеш што навистина пееш?“

Во продолжение ви издвојуваме низа познати песни кои можеби не знаете како се создадени и што всушност значат нивните наслови:

Every Breath You Take - Sting

Станува збор за песна чиј акцент е ставен на контролата и посесивноста. Таа била создадена за време на разводот на Стинг од неговата прва сопруга и почетокот на забавувањето со неговата втора сопруга Труди Стајлер

За да се оддалечи од јавноста во тој незгоден период, тој заминал на Карибите, каде што ја напишал песната. Како резултат на разводот, текстот зборува за посесивен љубовник кој го надгледува секој здив и секое движење.

Hotel California – Eagles

Hotel California од 1977 година е еден од најголемите музички хитови некогаш снимени.

Според авторите на песната, текстот изгледа како сценарио за една од епизодите на серијата „Зона на самракот“ - патникот патува низ пустината и престојува во хотелот Калифорнија, каде живеат многу необични ликови.

Сепак, песната има подлабоко значење и симболика, и зборува за самоуништувањето и алчноста во американската музичка индустрија во 1970-тите.

Говори за животот на елитата во Лос Анџелес и „американскиот сон“ што текстописците, членовите на групата Еagles, го живееле и го чувствувале на нивната кожа.

I Don’t Like Mondays – Boomtown Rats

Честопати среќаваме луѓе кои ја објавуваат оваа песна на социјалните мрежи рано понеделнички, во знак на протест против новата работна недела.

Сепак, повеќето луѓе не знаат дека оваа реченица ја изговорила тинејџерка која убила двајца возрасни и повредила осум деца во основно училиште во Сан Диего, како одговор на прашањето зошто го направила тоа.

Не покажувајќи каење за нејзината постапка, таа изјавила: „Не сакам понеделници“.

Smells Like Teen Spirit – Nirvana

Овој голем хит потекнува од 90-тите и претставува вистинска гранџ химна на тоа време. Курт Кобејн вели дека е создадена под силно влијание на групата The Pixies, на која се восхитувал.

Самиот текст ја означува општествената и политичката позадина од тоа време.

Сепак, насловот на песната (мириса на тинејџерски дух) настанал сосема поинаку - пријателката на Курт, Кетjлин Хана, која во тоа време била пејачка на бендот Bikini Kill, на ѕидот од неговата соба напишала: „Курт мириса на тинејџерски дух“, имајќи предвид дека девојчето со кое тогаш тој се забавувал мирисала на парфем именуван Teen Spirit.

Chelsea Hotel no. 2 – Leonard Coen

Хотелот Челзи е култно место на Менхетен, каде живееле и престојувале многу познати артисти, како Боб Дилан, Мадона, Буковски, Артур Кларк, Марк Твен.

Во еден момент таму се нашле Леонард Коен и Џенис Џоплин. Песната зборува за нивната кратка љубовна врска и оралниот секс.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg