Објавени песната и видеоспотот на македонските претставници од „Дајте Музика“ за јуниорскиот Евросонг: Green Forces ја преземаат контролата

„Ова е единственото место кое го нарекуваме дом и мора да сфатиме дека постапуваме погрешно“ – можеби звучи како заклучок од неодамнешната конференција за климатски промени COP26, но всушност ова се стиховите од песната која ќе ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2021 во Париз.

objaveni-pesnata-i-videospotot-na-makedonskite-pretstavnici-od-dajte-muzika-za-juniorskiot-evrosong-green-forces-ja-prezemaat-kontrolata-01.jpg

Четворица тинејџери од актерската екипа на проектот „Дајте музика“ која е составена од речиси 40 талентирани деца, беа избрани од страна на Македонската радио телевизија да ја претставуваат нашата земја во Париз. Два водечки и два пратечки вокали ќе го кренат гласот за заштита на животната средина и со здружени сили под зеленото знаме, ќе пеат за злото кое ѝ е нанесено на планетата Земја со глобалното затоплување.

„Идејата за учество на Детската Евровизија 2021 дојде некаде во месец мај, кога се подготвувавме за снимање на третата сезона од едукативно-забавниот серијал „Дајте музика“. Добивме многу добра песна потпишана од Роберт Билбилов, кој е можеби еден од најталентираните музички продуценти кај нас и кога ја слушнавме, помисливме дека би било штета доколку истата остане само за серијалот.

Што се однесува до темата, таа беше избрана од страна на децата. Потоа следеше соработката со еден од врвните македонски бизнис лидери со вродена љубов кон музиката, Робин Зимбаков, а сето тоа на крај резултираше со извонреден пакет кој достојно може да се носи со останатите 18 европски земји кои ќе настапат на годинешниов детски Евросонг!“ – рече Цаци Паковска, продуцент на „Дајте музика“.

objaveni-pesnata-i-videospotot-na-makedonskite-pretstavnici-od-dajte-muzika-za-juniorskiot-evrosong-green-forces-ja-prezemaat-kontrolata-02.jpg

Заштитата на животната средина е тема која е често споменувана во серијалот. Во 2019 година, песната „Има ли воздух“ изведена од Филип Поповски се искачи на врвот на топ листите на популарното македонско радио „Бубамара“.

Актерската екипа имаше спектакуларен настап, борејќи се за водух, при доделувањето на освоената најпрестижната национална награда „Златна бубамара на популарноста за најпознато шоу во 2019 година“.

„Ние не можеме да ги решиме проблемите со загадувањето, но секој од нас МОЖЕ да направи огромна разлика! Потребни сме ѝ на нашата планета!“ – велат изведувачите Анастасија, Филип, Кики и Миха во нивниот блог за песната.

Свесни дека не можат да ја поправат штетата што ѝ е нанесена на природата, целта на GREEN FORCES е да поттикнат што е можно повеќе деца, да го согледаат наследството и да почнат да се однесуваат одговoрно кон единственото место кое 7.9 милијарди луѓе нарекуваат дом.

„Дајте музика“ е партнерски проект на Македонската радио телевизија и Рифенштал продукција. Од октомври 2019 година, шоуто има повеќе од 32 милиони прегледи на својот You Tube канал.

Видео записот GREEN FORCES го изработи продукцијата Вертиго Вижуалс и истото премиерно беше претставено синоќа на првиот канал на македонскиот национален сервис и официјалниот You Tube канал на јуниорскиот Евросонг.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава