„Маестрална“ - Девојка од Скопје го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со песна од Тамара Тодевска (видео)
„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка...“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Андријана за изведбата на песната од Тамара. Ментор на талентираната скопјанка е Ѓорѓе Давид.
Андријана Петрушовска (22) од Скопје имаше спектакуларен настап со песната „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд.“
Ментор ѝ е Ѓорѓе Давид, а по спектакуларниот настап, на кој се појави во мини кожен фустан, таа доби 6 „ДА“ од жирито.
„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка...“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Андријана за изведбата на песната од Тамара.
„Те слушав и на тонската проба, ова е една од најубавите интерпретации кои се случиле оваа сезона“, изјави Александар Милиќ Мили за Андријана.
https://www.instagram.com/p/CVI5SRZM6ad/
Андријана сподели фотографии и видео од настапот на својот Инстаграм профил и напиша:
„Пресреќна сум! Се гледаме во 3 круг. Огромно благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојот драг ментор Ѓорѓе Давид!“
Видео од настапот:
Фотки од стајлингот на Андријана за настапот:
https://www.instagram.com/p/CWzEUH9MOYE/
https://www.instagram.com/p/CVF9ii6sxIw/