Валери од Скопје блесна во Ѕвездите на Гранд - открива детали од соработката со менторот Ѓорѓе Давид за CRNOBELO.com

„Како свој ментор го избрав Ѓорѓе Давид. Секаде имам кажано и ќе повторам - не можев да направам подобар избор, пробите ги правиме во Белград, тој е секогаш присутен тука за нас и прави сè што е во негова можност за сите кандидати“, вели Валери Димовска (24) за CRNOBELO.com.

valeri-od-skopje-blesna-vo-dzvezdite-na-grand-otkriva-detali-od-sorabotkata-so-mentorot-gjorgje-david-za-crnobelo-com-01.jpg

Нашата Валери Димовска (24) со својот настап на Ѕвездите на Гранд остави силен впечаток, особено со изведбата на „Хајде онда ништа“ на Тијана Богичевиќ.

valeri-od-skopje-blesna-vo-dzvezdite-na-grand-otkriva-detali-od-sorabotkata-so-mentorot-gjorgje-david-za-crnobelo-com-02.jpg

Прв глас уште на самиот почеток доби од Ѓорѓе Давид, па потоа токму него и го избра за својот ментор.

Од кога се занимава со музика, но и каков е за соработка нејзиниот ментор, таа открива за CRNOBELO.com:

„Со музика се занимавам од многу мала, но професионално од мојата 11-та година.

Омилена пејачка ми е Елена Ристеска. Се заљубив во креирање музика, пеење, имам издадено 11 песни досега и спремам и некои нови за скоро.

Имам настапувано на Евровизија со Ај Кју, како придружен вокал, тоа беше незаборавно искуство. Исто така имам пеено како придружен вокал на повеќето балкански артисти како Јелена Томашевиќ, Емина Јаховиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ и низа други. 

Пред извесен период се пријавив на познатото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а повеќето луѓе околу мене беа изненадени од таа одлука.

Ми недостигаше некоја нова авантура во мојот живот, па затоа одлучив да се пријавам, сметам дека е доста гледано и популарно шоу и дека ќе ми придонесе во мојата кариера.

Како свој ментор го избрав Ѓорѓе Давид. Секаде имам кажано и ќе повторам - не можев да направам подобар избор, пробите ги правиме во Белград, тој е секогаш присутен тука за нас и прави сè што е во негова можност за сите кандидати, нè бодри и верува во нас, не дозволува да се разочараме, се труди максимално да се појавиме во најдобро светло и ни помага околу изборот на песни.“

Настапот на Валери:

Повеќе фотки од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Дац и Александар со нова песна „4 страни“, по две години пауза По речиси две години пауза од нивната последна песна, популарното дуо Дац и Алек...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...
Маестрален настан со многу душа: Зошто ме трогнаа Сара Мејс и девојките на сцената на Филхармонија? Едни од најмоќните и најдоминантни вокали во Македонија, во комбинација со танц,...
Одржа сет од 60 часа, левата рака му е парализирана - Факти за Black Coffee, познатиот диџеј кој доа... Првиот албум го снимил на евтин музички софтвер, без практично никаква опрема, а...

Најчитани неделава