Дуа Липа, BTS, Аријана Гранде доминираа – најпопуларните песни и изведувачи за 2021

Како што се ближиме кон крајот на 2021 година, музичките гиганти Billboard, Spotify, Apple Music, iHeartRadio и многу други ги објавија своите списоци за најслушаните и најпродаваните песни на годината.

Najpopularnite-pesni-i-izveduvaci-vo-2021-01.jpg

BTS, Дуа Липа, Аријана Гранде и Оливија Родриго доминираа во 2021 – еве го прегледот на најпопуларната музика во која уживавме изминатата година:

Billboard:

„Levitating“ на Дуа Липа беше најпопуларна песна на годината, на врвот на Billboard’s Hot 100.

Дрејк беше најдобриот уметник на годината, а контроверзниот кантри пејач Морган Вален, кој беше фатен како употребува расистичка навреда во видео, го освои првото место во топ 200 албуми за Dangerous: The Double Album.

Spotify:

„Возачката дозвола“ (Driver’s license) на Оливија Родриго беше најслушаната песна од 1 јануари до 27 ноември низ целиот свет и во САД, додека албумот на Родриго – Sour беше најслушаниот албум на глобално ниво.

Bad Bunny беше „најстримуваниот“ уметник ширум светот, втора година по ред, собирајќи 9,1 милијарди преслушувања.

Apple Music:

BTS „Dynamite“ беше најслушаната песна помеѓу 16 октомври 2020 година и 15 октомври 2021 година.

Најмногу пребарувана песна на Shazam кога корисниците бараат да се идентификува песната што ја слушаат била „Astronaut in the Ocean“ на Masked Wolf, која била побарана неверојатни 11,7 милиони пати.

iHeartRadio:

„Levitating“ на Дуа Липа беше најслушаната песна на една од најголемите радио мрежа во светот, со 1,2 милијарди слушања.

Аријана Гранде беше најпуштан артист на мрежата, со 2,6 милијарди слушања.

Која беше вашата омилена песна во 2021?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Светски и домашни хитови кои ќе прават 30 години во 2026-та - Дали се сеќавате на нив? Дали ви се верува дека поминаа три децении откако No Doubt го промовираа хитот D...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава