Yon Idy e сè поблиску до остварување на својот евровизиски сон - Dreams е патот до Торино

28.1.2022, Скопје – По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовираше Dreams во емисијата Стисни Плеј во рамки на национланиот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја преставува нашата земја во Торино.

yon-idy-e-se-poblisku-do-ostvaruvanje-na-svojot-evroviziski-son-dreams-e-patot-do-torino-01.jpg

Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев.  Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката.  

„Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме“, вели Yon Idy.

yon-idy-e-se-poblisku-do-ostvaruvanje-na-svojot-evroviziski-son-dreams-e-patot-do-torino-02.jpg

Ова е линкот на кој може да гласате за песната Dreams на Yon Idy.

Yon Idy со својот посебен стил на интерпретација потсетува на странски музичар кој “залутал” на нашата сцена. Сосем свој, скромен, а шармантен, емотивно ги доловува текстовите кои ги пее придружуван од својата гитара. Многумина ги слушнале неговите песни на македонските радиа незнаејќи дека вусшност станува збор за домашен музичар.

Yon Idy е пораснат опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува и учи од класичните уметници како Битлси и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со здрави дози на блуз и инди сцени. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно и со нетрпение очекува да го издаде својот прв целосен албум во 2022 година.

yon-idy-e-se-poblisku-do-ostvaruvanje-na-svojot-evroviziski-son-dreams-e-patot-do-torino-03.jpg

Поврзете се со Yon на социјалните мрежи: FacebookInstagram и Twitter

Профили на музички платформи: SpotifyApple Music и YouTube

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава