Некст Тајм го промовираа филмскиот спот за „Кога падна Пирина“: „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ (видео)

За преработката на старата македонска песна „Кога падна Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија филмски спот со кој ги воодушевија фановите.

nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-pirina-veruvame-deka-kje-ve-napravime-gordi-video-01.jpgФото: Фејсбук, Јутуб

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна.

Овојпат Стефан и Мартин направија преработка на песната „Кога падна Пирина“, а вчера, 13-ти април, го промовираа и нивниот видеоспот. 

Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан.

Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите се ништо помалку од воодушевени.

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“, изјавија Мартин и Стефан на промоцијата.

За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски.

Погледнете го новиот видеозапис на Некст Тајм:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава