Позитивни коментари за изведбата на Андреа 2 дена пред главниот настап: „Ова е најдобрата песна“ (видео)

„Уште една беспрекорна изведба на Андреа, ова е најдобрата песна“ - ова се некои од коментарите што следеа по изведбата на нашата претставничка Андреа која синоќа настапи пред публиката во Eurovillage, по скандалот кој се случи на тиркизниот тепих и ја разлути јавноста. 

andrea-so-besprekorna-izvedba-na-eurovillage-ova-e-najdobrata-pesna-video-01.jpg

Оние што не успеале да обезбедат билети за главниот настан на Евровизија 2022, имаа можност да ги погледнат изведбите на евровизиските претставници во рамки на програмата на Eurovillage.

andrea-so-besprekorna-izvedba-na-eurovillage-ova-e-najdobrata-pesna-video-03.jpg

Голем број евровизиски обожаватели во понеделникот (09.05) се собраа да ги погледнат настапите на Констракта, Андреа, Корнелија Јакобс, Жереми Макиезе.

andrea-so-besprekorna-izvedba-na-eurovillage-ova-e-najdobrata-pesna-video-06.jpg

Андреа на сцената се појави во малку поинаков стајлинг, а во приложеното видео можете да видите како звучеше нејзиниот настап:

Според порталот wiwiblogs изведбата на Андреа била беспрекорна, а во коментарите до видеото објавено на нивната Инстаграм страна може да се забележат повеќе позитивни коментари за песната, но и за изведбата.

Нашата евровизиска претставничка на Инстаграм профилот сподели сопствена фотографија до која напиша:

„Отворањето беше прекрасно. Да продолжиме да шириме љубов и позитивна енергија.“

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Разиграна љубовна носталгија е „Магија“ на Бузуки бенд Убави емоции, насмевки и разиграност сакаме да предизвикаме со „Магија“, нашата ...
Васил Гарванлиев преработи песна од „Битлси“ и доби поддршка од Пол Макартни и Ринго Стар: „Уште ми ... „Бочели го слушна дуетот и имаше многу пофални зборови. CNN направи најава каде ...
Тамара Грујеска со нова песна - „Срце знае сè“ После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior,и многуте освоен...

Најчитани неделава