Тамара Тодевска во Истанбул освои награда за пејачка од Македонија

Тамара Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“, на меѓународниот фестивал „Best of Rumeli 2022", кој вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција.

tamara-vo-istanbul-osvoi-nagrada-za-pejachka-od-makedonija-01.jpg

Во обраќањето пред присутните Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени:

- Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна.Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници.

Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда, посочи Тодевска.

tamara-vo-istanbul-osvoi-nagrada-za-pejachka-od-makedonija-03.jpg

Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, аво претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни. 

tamara-vo-istanbul-osvoi-nagrada-za-pejachka-od-makedonija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Тамара Грујеска со нова песна - „Срце знае сè“ После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior,и многуте освоен...

Најчитани неделава