Слушнете ја новата песна на ДНК насловена „Милион денови“ (видео)

„Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балада која и овојпат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар.

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-01.jpg

Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-02.jpg

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-03.jpg

Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје, како и во хотелот Austrian Palace, а интересно е дека во нив освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната сопственичка на студиото Фигурела Наташа Петровска.

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-04.jpg

„По „Ако утре ме нема“ сакавме на публиката да ѝ понудиме нешто малку поразлично. Композиција која носи поинаква енергија, емоција и буди некои можеби малку меланхолични чувства“, велат Панчо и Андреј.

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-06.jpg

slushnete-ja-novata-pesna-na-dnk-naslovena-milion-denovi-video-05.jpg

„Милион денови“ ќе биде дел од новиот студиски материјал кој е најавен во склоп на одбележувањето на убавиот јубилеј – 20 години ДНК, а ќе биде заокружен со голем солистички концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“. Билетите за концертот се пуштени во продажба и тоа преку продажната мрежа на Мктикетс

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава