„Замижи“ е новата песна на Тамара Тодевска

Во рамки на 37. издание на „Макфест“, во Штип, Тамара Тодевска ја промовираше својата нова песна насловена како „Замижи“. Станува збор за музичка приказна, чиј текст е напишан од Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.

zamizhi-e-novata-pesna-na-tamara-todevska-01.jpg

На втората, ревијална вечер, во Домот на култура „Ацо Шопов“, Тамара го претстави нејзиниот нов сингл по нешто повеќе од една година.

Станува збор за една нова музичка приказна која особено ми е драга и некако одма ми легна при срце. Се мислев за моментот кога да ја објавиме „Замижи“, но среќна сум што тоа го сторив токму на „Макфест“. Затоа што сакам да дадам поддршка на овој фестивал - меѓу единствените кој сѐ уште овозможува афирмација на македонската музика и на домашните изведувачи.

- „Замижи“ е за сите кои треба да продолжат напред, кои можеби жалат за минатото, за изгубеното, за одредени моменти, но сега се исправени пред нови животни предизвици. Убав е овој живот и вреди да се бориме, вели Тамара за својата нова песна.

Тодевска го истакна и своето задоволство од соработката со Џамбазов и Билбилов, кои се децениски нејзини соработници и пријатели.

- Со Џамбаз и Роберт веќе исто „дишеме“ и одлично се согласуваме. Го знаат мојот вкус, енергија, стил и кога нешто добро функционира не би го менувала, истакна Тамара.

Во продолжение можете да ја слушнете новата песна „Замижи“:

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...

Најчитани неделава