Слушнете ја новата песна на Бојана Скендеровски - „Ми треба“

„Ми треба“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, со која таа реши да ја заокружи музичката приказна што годинава во јануари започна да ја раскажува со темата „Зад завесите“, па преку „Среќа и несреќа“ ја продолжи со „Сонце меѓу сенките“. Станува збор за ведра, весела тема со, како што вели Бојана, труби – композиција каква одамна посакувала.

slushnete-ja-novata-pesna-na-bojana-skenderovski-mi-treba-01.jpg

Песната веќе стандардно кога е Бојана во прашање ја има во две верзии – македонска и српска (српската е со наслов „Докажи“). Комплетен автор е Саша Милошевиќ – Маре, додека за препевот се погрижи Огнен Неделковски. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц, а по сценарио на Васко Скендеровски.

slushnete-ja-novata-pesna-na-bojana-skenderovski-mi-treba-05.jpg

Дел од видеото освен Бојана се и многу јавни личности и нејзини драги пријатели. Така, главните улоги ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива и Вики…

„Текстот е феминистички, па затоа песната им ја посветувам на сите жени, мајки, кралици, кои се издржливи, силни и точно знаат што сакаат во животот. Оваа година сакав да ја заокружам со една моќна и ведра песна која ќе ги размрда сите, затоа што сите заслужуваме малку забава, уживање и позитивни мисли“, вели Бојана.

slushnete-ja-novata-pesna-na-bojana-skenderovski-mi-treba-06.jpg

На синоќешната промоција Бојана освен што на јавноста ѝ ја претстави новата песна, откри дека со исто темпо продолжува и во следната година, како и дека веќе се работи на дует со колега од соседството, но и дека ќе работи на тоа да си ја оствари желбата за солистички концерт.

slushnete-ja-novata-pesna-na-bojana-skenderovski-mi-treba-02.jpg

Уживајте во песната, дозволете да ве размрда и наполни со позитивни мисли и убава енергија.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава