Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Ексклузивно видео од снимањето на спотот за „Хабиби“ на Антониа Гиговска и Пајак: „Снимавме еден ден, но се подготвувавме цела недела“

„Хабиби“ на Антониа Гиговска и Пајак веќе е хит, а сега можете да погледнете како изгледаше снимањето на спотот.

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-01.jpg

Пред само три месеци на Макфестовската сцена беше промовиран сега веќе регионалниот хит „Bella” во изведба на младите Пајак и Лара, за кој ден потоа се промовираше и видео записот за песната која до овој момент брои скоро 10 милиони прегледи на Јутјутб. „Bella”несомнено ќе биде најслушаната песна помеѓу двата фестивала.

Овојпат повторно под палката на Урбан Рекордс продукција беше промовирана новата песна и спот за „Habibi”. Се работи за интересна спојка и соработка помеѓу двајца млади, доста талентирани и актуелни артисти како Пајак и Антониа Гиговска.

За само не цели 24 часа, големиот хит во најава „Habibi” е број еден на трендинг листата на Јутјуб, а под спотот може да ги забележите и коментарите од типот: „Пајак ти си вистинско освежување и најдоброто нешто што и се случило на македонската сцена”, „Браво Пајак - твојата мрежа ја плете цела Европа”, „Браво браќа Македонци”, „Каквo ремек дел, каква позитивна енергија...” и сл...

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-03.jpg

Текстот и музиката се на самиот Христијан Настески - Пајак, додека пак аранжманот/битот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Iwayo.

Спотот е во режија на Били Д, Гордан Божиновски, Никола Наумовски. Продукција и монтажа - Гордан Божиновски, а снимано е во студиотот на Solution +.

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-05.jpg

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-02.jpg

Пајак и Антониа во спотот ги гледаме со интерсна кореографија и стајлинг во пакет со сценографијата.

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-06.jpg

„Одлично искуство беше самото реализирање на целиот проект. Предизвик ми беше да создадам мелодија и текст каде Антониа би се вклопила одлично.

Снимањето на спотот помина во многу убава работна атмосфера, нормално и многу смеење и позитивна енергија. Снимањето траеше еден ден во студио во Скопје, но подготовката траеше една недела”, ни изјави Пајак...

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-07.jpg

ekskluzivno-video-od-snimanjeto-na-spotot-za-habibi-noviot-hit-na-antonia-gigovska-i-pajak-snimavme-eden-den-no-se-podgotvuvavme-cela-nedela-08.jpg

Во прилог погледнете го ексклузивното видео од зад сцената - како се снимаше Хабиби, и линкот од видео спотот, кој мора да признаеме изгледа светски.. а танцот на Пајак и Антониа веќе станува вирален на платформата Тик Ток..

Би можело да ве интересира:

По долго време, Каролина Гочева со нова забавна песна и кул спот - слушнете ја „Од небо до дно“ Каролина Гочева звучи и изгледа светски во „Од небо до дно“, направена во с...
Тони Зен: „Се враќам на македонската музичка сцена бидејќи тоа ѝ го должам на публиката“ По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човеко...
Слушнете ја новата песна на ДНК насловена „Милион денови“ (видео) „Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg