Д’римерс со нова песна: Слушнете ја „Ова не е крај”

Д'римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај". Како што беше најавено тие се на половина пат од нивниот деби албум кој ќе биде составен од вкупно десет песни.

d-rimers-so-nova-pesna-slushnete-ja-ova-ne-e-kraj-01.jpg

Комбинацијата на модерен звук со ретро елементи кои се вметнати во оваа нумера, е исто така „зачинета" и со препознатлив, певлив и мелодичен рефрен. „Ова не е крај" е поп-рок балада и една од песните коишто се очекува да бидат најистакнати во првиот деби албум на Д'римерс.

Музиката и текстот на оваа песна се на Синиша Карафилоски, аранжманот е на Дамир Пух и Наташа Миха а вокалот е на Јордан Џејмс Ивановски.

„Во текот на самото снимање и продуцирање на оваа песна владееше атмосфера во GreenRoom Sound студио која не може да се опише со зборови, тоа е нешто што може само да се доживее" - вели Јордан.

d-rimers-so-nova-pesna-slushnete-ja-ova-ne-e-kraj-03.jpg

„Снимањето на самиот видео запис од едно обично патување се претвори во вистинска авантура која што ќе ја паметиме додека сме живи, нешто што ќе не тера во иднина да ги подигнеме нашите стандарди кога станува збор за снимање на видео записи" - Синиша.

d-rimers-so-nova-pesna-slushnete-ja-ova-ne-e-kraj-04.jpg

Видео записот е снимен на повеќе локации во соседна Грција (Ситонија, Солун) а за истото како и секогаш се задолжени ProCam студио.

Во видеото главна ѕвезда е Росица Матеска со која што бендот планира да ја продолжи соработката и во иднина.

d-rimers-so-nova-pesna-slushnete-ja-ova-ne-e-kraj-02.jpg

Д'римерс откриваат дека за брзо време ќе бидат објавени уште две песни кои што се веќе во почетна фаза на изработка, а плановите за видео записи за овие две песни се исто така во завршна фаза, нешто за кои ние ќе бидеме благовремено известени.

Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава