„Мамо благодарам“ – новата песна на Елена Ристеска со хорот „Поточиња“, за сите мајки хероини (видео)

„Оваа песна ја посветувам на сите мајки, мајки во најубава смисла, мајки кои се нашето сонце, пожртвувани и храбри се планини да поместат за своите чеда, мајки кои и дење и ноќе бдеат над своите чеда“ – Елена Ристеска заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“ објави нова песна посветена на мајките.

mamo-blagodaram-novata-pesna-na-elena-risteska-so-horot-potochinja-video-01.jpg

Детскиот фестивал „Поточиња“ годинава го слави својот 20-ти роденден, а по тој повод, хорот објави нова песна во соработка со Елена Ристеска. 

mamo-blagodaram-novata-pesna-na-elena-risteska-so-horot-potochinja-video-04_copy.jpg

Елена и хорот на „Поточиња“ заедно ја испеаја песната „Мамо благодарам“, а спотот за неа беше објавен вчеравечер (17.03) на YouTube каналот на фестивалот.

„Оваа песна ја посветувам на сите мајки, мајки во најубава смисла, мајки кои се нашето сонце, пожртвувани и храбри се планини да поместат за своите чеда, мајки кои и дење и ноќе бдеат над своите чеда, мајки на кои децата им се приоритет пред сопствениот живот, мајки кои животот го делат на пред и после раѓањето на нивните деца…

Таква мајка е мојата мајка Десанка и мојата сестра. Ве сакам со целото свое срце“ – напиша Елена на својот Инстаграм профил до песната.

mamo-blagodaram-novata-pesna-na-elena-risteska-so-horot-potochinja-video-03.jpg

Слушнете ја новата песна на Елена и „Поточиња“:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава