Најзелената трка во земјава се враќа по шести пат! Овој 8-ми септември, спакувајте го велосипедот и кацигата, добри вибрации и желба за авантура – се гледаме во Маврово! Време е да ги подготвиме тркалата и да се впуштиме во ново велосипедско искуство во природа – да се обединиме сите во незаборавно искуство и да направиме добро дело.
Во Охрид синоќа, Џејсон Деруло одржа концерт за паметење - најсреќните кои стоеја во првите редови, го видоа и одблизу, кога се симна од бината, а некои дури и имаа шанса да се фотографираат со него.
Десет дена Пионерскиот дом во Гевгелија беше место каде се собраа и младите и повозрасните граѓани кои сакаа да се запознаат како и на кој начин може да ја обликуваат глината.
Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август.
„Уште како дете посакував да ги видам Млади Бунтовници во живо – ова патување и концерт ми беше начин да го оживеам тој сон. Публиката ги пееше хитовите од почеток до крај во полн глас, ќерката на Филипе (Мануел) беше во публика и ја покажаа на „Kiss“ камерата, а Луисана (Миа) не присуствуваше, но сними видео порака“ – Никола за CRNOBELO.com раскажува впечатоци од концертот на Erreway во Мадрид.
Дури ни најавата дека специјални гости ќе бидат членовите на КУД Илинден не ме подготви за тоа што го видов на сцената - првото и единствено македонско кабаре, направено со авторска музика од Димитар Андоновски, а низ која суптилно и многу вешто беа испреплетени традиционални македонски песни и ја засилија емоцијата...
Мис Македонија 2025 ќе се одржи на 25 септември во Националната Опера и Балет: Пет девојки ќе ја претставуваат државата на светски избори за убавина
Има нешто посебно убаво во бесплатните концерти кои се организираат секое лето во Скопје. Некако, енергијата е преубава кога под отворено небо ќе дојдеш да го слушнеш твојот омилен изведувач, кога не знаејќи, додека случајно минуваш по улиците на твоето маало ќе слушнеш музика па ќе застанеш да видиш за што станува збор, или едноставно, ќе сакаш да излезеш од дома со блиските, без оглед дали пее некој што го слушаш или не.
На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.
Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември.
Меѓу оние кои дојдоа да го прослават успехот на Стефан Лазаров беа и Игор Џамбазов, Тино и Атанас (кои имаа свој мал стендап дел), Слаткар и Тони Зен, Таско, 2 Бона, Ивона Јо, Андријана и Бобан Илиоски, Сара Мејс, Снеже Велков и многу други.
Кога на едно место ќе се спојат прекрасни љубовни балади, шармантниот Сергеј Четковиќ и неверојатната енергија на публиката - тогаш концертот не може да е ништо помалку од маестрален. А таков беше токму вчерашниот настап на црногорскиот пејач во Скопје.
Еден од најпопуларните македонски YouTube креатори Стефан Лазаров одбележува значаен јубилеј - 5 години постоење на својот канал, а по тој повод, утре (18 јуни) во ресторанот Парк Рагуза ќе приреди гала вечер насловена „Lazarov Awards“.
Ако пред концертот на Матео Бочели во Скопје се прашував дали публиката е дојдена поради него или само затоа што му е син на Андреа Бочели, по завршувањето на концертот сум сигурна дека сите што беа во Македонската филхармонија, од вчеравечер се негови (нови) фанови.
На 21 јуни, Галичник ќе биде домаќин на четвртото издание на ГалИцко фестивал – настан кој се одржува во чест на починатиот диџеј Ицко од Антена 5 радио.
Македонскиот модел Матеј Павловски, кој денес се натпреварува на изборот за најдобар светски модел, Manhunt 2025, дома ќе си дојде со најмалку една титула - модел со најубаво тело.
На 8 и 9 јуни во Македонскиот народен театар премиерно ќе се одржи новото издание на „Глумците Пеат“ – најголемото музичко-сценско шоу во Македонија...
На 3 јуни 2025 година, во прекрасна атмосфера во „Трибека Парк“ во Скопје, амбасадори од седум земји од регионот беа дел од уникатен настан што ја спои дипломатијата...