Зголемете ја својата EQ

Ако претходно го изигравте тестот за одредување на вашата емоционална интелигенција и добивте идеја каде стоите на тоа прашање, на ред се...

 

... техниките за тоа како да го зголемите ова ниво. Доколку пропуштиве да прочитате повеќе околу емоционална интелигенција и сакате да го направите тестот, кликнете овде.

- Научете да ги препознавате чувствата

Постојано објаснувајте си ги сопствените чувства. Почесто запрашувајте се „како се чувствувам?“, а доколку чувствувате цел куп на различни емоции, раздвојте ги и потоа рангирајте ги. Но никогаш немојте да ги прикажувате во поголем или помал интензитет од она што го чувствувате.

- Превземете одговорност за своите чувстваzgolemete-ja-svojata-eq1

Немојте да барате надворешни објаснувања за вашите чувства или постојано да се прикажувате како жртва. Препознајте што чувствувате, и потрудете се да сфатите зошто го чувствувате токму тоа.

- Предвидете ги своите чувства

Научете однапред да предвидувате како ќе реагирате по извесни случувања или активности. Избегнувајте да правите работи кои ќе ви инспирираат негативи чувства.

- Прашајте ги другите како се чувствуваат

Не можете да знаете како некој се чувствува доколку не го прашате, освен ако немате особено добро развиена емпатија. Во секој случај, мора прво  да ги сфатите за да можете да сочувствувате со нив. Слушајте ги внимателно и без предрасуди.

- Бидете помалку чувствителни

Доколку некој каже нешто со што вие не се согласувате, немојте веднаш да се повлекувате или напаѓате. Ваквите реакции укажуваат само на фактот дека не сте во состојба да се справувате со критиките. Наместо тоа, заблагодарете се на искреноста, и сконцентрирајте се на вредноста на нивните коментари.

- Целосно согледувајте ги проблемите

Кога ќе ви се случи нешто лошо и ќе помислите дека сите бродови ви потонале, размислете за тоа колку е всушност вашиот проблем сериозен. Колкава ќе биде неговата важност за десет години? Десет месеци? Десет недели? Десет минути?

Би можело да ве интересира:

7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што ќе се случи на Земјата ако Месечината одеднаш исчезне? Ако Месечината исчезне, деновите постепено ќе стануваат пократки бидејќи нејзина...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg