5 сценарија за крајот на светот

Елементарните непогоди секоја година одземаат неколку илјади животи, но може ли тоа да доведе до крај на светот? Сценарија за тоа како ќе заврши...

 

...светот постојат многу, сепак најтажното од нив е тоа што најголема опасност за човештвото претставуа самиот човек. 

1. Супер вулкани

Заканата од "обичните" вулкани нема да бидат доволни за да се загрожи целото човештво, но би можело да доведе до оргомни проблеми како што покажа ерупцијата од исландскиот вулкан.

Вистинската закана всушност доаѓа од супер вулканите кои во минатото значајно го измениле ликот на Земјата.

Се претпоставува дека ерупција од таков вулкан би можела да уништи човечки животи во околина од 100km, но последиците би биле далеку посериозни за сите нас со оглед на вулканската прашина, цунами и климатските промени. 

2. Астероиди

Изумирањето на диносаурусите пред 65 милиони години се поврзува со паѓањето на астероидот Јукатан во Мексико. Се очекува ли слична судбина и за човештвото? Постојат научници кои се сигурни дека таквата апокалипса ќе се повтори.

Во близина на Земјата откриени се преку 5600 астероиди, а 800 од нив се потенцијална опасност за Земјата.

Најмногу ни се заканува астероидот Апопис кои би можел да падне во 2036 година. Доколку дојде до неочекувана колизија во вселената, времето помеѓу откривањето на астероидот и ударот ќе биде прекратко за превземање на било каква контрола за одбрана.

3. Планети и галаксии

Иако движењето на планетите во Сончевиот систем изгледа стабилно, сепак постои ризик од судар (особено помеѓу Меркур, Венера и Земјата). Меркур би можел да скршне од својата патека и со тоа да го изначи крајот на сончевиот состав како што го познаваме.

Во далечна иднина, научниците очекуваат и колизија на галаксијата, но се претпоставува дека луѓето тогаш и онака нема да живеат на Земјата.

4. Сонцето

Секоја ѕвезда порано или подоцна умира, а Сонцето последниот ден може да го дочека за милијарди години и притоа да ги "проголта" планетите блиску до себе - Меркур, Венера и Земјата. Крајот започнува со палењето на хелиумот поради што Сонцето ќе се прошири и ќе ја согори Земјата.

5. Човекот

Тажно, но вистинито - човекот е сам на себе најголем непријател. Атомските бомби и биолошкото оружје за масовно уништување ги создадоа луѓето против луѓето.

Глобалното затоплување, ширењето на зарази и болести и алчноста на крајот ќе не чинат повеќе отколку што можеме да замислиме.

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg