Збогум, еталону за килограм!

Она што досега го учевме по физика е дека основна единица мерка за маса е килограмот, а еден килограм е масата на меѓународниот прототип (еталон) за килограм.

FotoJet (1).jpg

Сето ова ќе се смени после 20 мај 2019 година, откако со согласност на комисијата за единици мерки при Интернационалниот систем на мерни единици, килограмот ќе биде дефиниран со параметри од природата, со помош на Планковата константа.

Со тоа, килограмот ќе стане единица мерка зависна од времето и должината, а со тоа ќе се елиминира прототипот од платинум произведен во 1889 фодина, кој се чува во Париз.

Планковата константа е корелација меѓу енергијата на фотоните, масата и нивната фреквенција. Новата дефиниција за килограм добива смисла кога инструментите кои ја мереа константата се поклопуваат со усвоената дефиниција за килограм.

4682AD18-2566-4206-A6A2-0DF6DC4D11FC_cx0_cy55_cw0_w1023_r1_s.jpg

Пред да се дефинира со платинумскиот цилиндер, килограмот беше масата на еден литар (еден кубен дециметар) вода на точката на смрзнување. Поради нестабилноста, се појавила потреба од дефинирање на килограмот поегзактно, по што е изработен платинумскиот цилиндер и оттогаш неговата е основна единица во СИ и според него се калибрираат сите мерни инструменти кои мерат маса.

Иако се чувал во строго контролирани услови, овој еталон кородирал и почнал да губи делови од својата тежина. Од своите понови реплики (во светот постојат вкупно шест, заедно со оригиналот) „заостанува“ и по 50 микрограми просечно секоја година, па затоа се појавила и потреба од редефинирање на оваа единица мерка.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg