Нема личност која не ѝ се восхитува на поларната светлина, но знаете ли како настанува? А, знаевте ли дека постојат топчести молњи, но се толку ретки, што долго време научниците сметаа дека се измислица?
Повеќето луѓе ќе се согласат дека речиси и да нема поубав мирис од оној на дождот, особено во летните месеци после сушен период. А, ако сте се запрашале што точно го предизвикува овој неверојатен мирис, не сте единствените.
Компанијата Orbital Assembly Corporation (ОАС) има навистина амбициозна цел – до 2027-ма планираат да го направат првиот вселенски хотел кој ќе се наоѓа во орбитата на Земјата.
На 10-годишна возраст Хејли Арсено имала рак на коските, поради што ѝ вградиле титаниумска шипка во левата нога, а сега таа ќе стане првата личност со протеза, но и една од најмладите личности кои отишле во вселената, благодарение на првиот приватен лет на SpaceX до земјината орбита.
Неколку денови после успешното слетување на роверот Perseverance на Марс, од НАСА објавија видео на кое се гледа историскиот момент. Па сега, првпат во историјата на човештвото, имаме можност да погледнеме како навистина изгледа слетување на Марс.
После патувањето од речиси 500 милиони километри кое траеше околу половина година, роверот Perseverance безбедно слета на површината на Марс, а само неколку минути подоцна пристигнаа и првите фотографии.
После половина година и речиси 500 милиони километри, роверот на НАСА Perseverance ќе слета на Марс, како дел од мисијата Mars 2020, и ќе бара траги од живот на црвената планета.
После повеќе од 10 години, Европската вселенска агенција (ESA) објави оглас со кој бара нови астронаути, но овојпат решиле да им дадат шанса на луѓето со физички инвалидитет.
Според Институтот за статистика на УНЕСКО, во Македонија има повеќе жени истражувачи отколку мажи. Односно, од сите истражувачи во државата, дури 53,4% се жени.
„Моментот кога му го отстранивме завојот на пациентот беше многу емотивен и значаен“ - вели докторот од тимот кој ја направи првата трансплантација на вештачка рожница и со тоа му го вратија видот на 78-годишен пациент, по 10 години - напредокот на технологијата носи промени во здравството.
На 26-ти јануари беа откриени имињата на првите луѓе кои ќе одат до Меѓународната вселенска станица со приватен лет. Екипажот го сочинуваат четворица мажи, кои платиле по 55 милиони долари за ова искуство.
НАСА објави видео во кое ги споредува просечните температури од 1800-тите до денес, и открива дека 2020-та, заедно со 2016-та, е најтоплата година досега.
2020-та беше далеку од добра година, но сепак ни донесе навистина неверојатни научни откритија. Знаете ли дека минатата година археолозите најдоа фосили од лебарки стари дури 99 милиони години?
Денес ќе имаме можност да го погледнеме доближувањето на Сатурн и Јупитер на ноќното небо – феномен познат и како „Божиќна ѕвезда“, а планетите ќе се доближат толку многу, што за нас ќе изгледаат како да се поклопени. Уште подобро е што настанот ќе биде видлив и со голо око.
Како маските спречуваат ширење на ковид-19, објаснето во кратко и јасно видео од научникот Бил Нај.
Студентот Карви Ехрен Мигуе направил соларен панел кој е ефикасен и на облачно време - нешто што претставува голем проблем кога станува збор за соларната енергија.
Научниците од Универзитетот во Тел Авив соопштија дека за првпат успеале да забават два биолошки процеси поврзани со стареењето, со помош на терапијата со кислород позната како HBOT.
Во Невада е направен успешен транспорт на органи за трансплантација со помош на дрон. Компанијата за транспорт MissionGo се здружила со Nevada Donor Network, со цел да се тестираат дроновите како превозни средства за донираните органи.