„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот.

makpetrol so pozitivna energija vo gradski park da zastaneme na patot na vrsnickoto nasilstvo

Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Најмладите, исто така, ќе можат да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри.

Пресреќни сме што во текот на оваа наша општествено одговорна активност добивме толку многу поддржувачи. Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 24 општини. Претходните месеци, од почетокот на 2024, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Во 2023 година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

makpetrol so pozitivna energija vo gradski park da zastaneme na patot na vrsnickoto nasilstvo 2

За сите 24 општини „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите истите се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство.

Стратешкиот приоритет за општествена одговорност „Макпетрол“ го исполнува со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Изминативе години, компанијата се јавува како иницијатор или учесник во активности за поддршка на заедницата. Централен интерес на кампањата „Стоп за булинг“ се младите, односно преку неа се создава поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности „Макпетрол“ и во иднина ќе биде креирањето услови за развој и реализација на потенцијалите на младите генерации.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg