Последниве неколку дена, во Скопје се зборува за мистериозни златни покани кои кружат низ градот, а ги добија и многу инфлуенсери на социјалните мрежи, преку отмено дотеран курир, кој ја носи поканата во кутија со загатка, како и букет цвеќе. Изгледаат интересно, будат љубопитност, но не откриваат многу. Овие покани, иако златни, не појаснуваат која е нивната намена.