Шакира се пресели во Мајами со синовите, по гласините дека таму има нов дечко: „Си ја бараме среќата“

„Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата“, вели Шакира, која се отсели од шпанската престолнина, една година по разделбата со Жерар Пике.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-01.jpg

Колумбиската пејачка Шакира со синовите Милан (10) и Саша (8) ја напушти Барселона. Тие отсега ќе живеат во Мајами, каде што Шакира веќе некое време го уредува нивниот нов семеен дом, но и каде што работи со неколку музички продуценти и снима нови песни.

Заминувањето на Шакира привлече толкаво внимание, што папараците ги следеа до аеродромот и го сликаа моментот кога се чекираа да влезат во авионот.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-04.jpg

Фотографиите ги објавија повеќето шпански, но и бројни светски медиуми, со коментар дека пејачката конечно почнува нов живот по тешката година и долгата борба за старателство со поранешниот партнер Жерар Пике.

Во текот на летот кон Мајами, Шакира објави Инстаграм Стори од авион.

„Работите не се секогаш какви што сонуваме дека ќе бидат. Понекогаш трчаме, ама не стигнуваме на целта“, напиша таа на фотографијата.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-02.jpg

Брзо пред заминувањето од Шпанија, нејзиниот публицист излезе со официјална изјава до шпанските медиуми:

„Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата.

Ви благодарам на сите кои страдавте заедно со мене во Барселона, градот каде што научив дека пријателството е поголемо од љубовта.

Ви благодарам и на сите кои ме поддржувавте таму, што ми помогнавте да ги исушам солзите, што ме инспириравте и ми помогнавте да пораснам“, стои во пораката од Шакира, а пренесе „Daily Mail“.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-03.jpg

Шпанските медиуми пишуваат дека Шакира веќе нашла ново училиште за децата и дека тие веќе некое време не одат на бејзбол тренинзи во својот клуб.

За потсетување, Шакира и Пике се разделија во мај 2022 година, по 11 години врска во која се родија нивните синови Саша и Милан.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-05.jpg

Неколку месеци подоцна, Пике ја покажа новата девојка Клара Чиа, но брзо потоа во јавноста се дозна дека тој бил во врска со неа барем една година пред да прекине со Шакира.

Неодамна таблоидите во САД пренесоа дека Шакира има нов дечко во Мајами и дека се гледаат околу четири месеци.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...

Најчитани неделава