Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ми се допаѓаа заедно“ – Сопругата на Брус Вилис објави фотка од него и бившата Деми Мур кога беа пар (фото)

„Да, и мене ми се допаѓаа заедно“ – напиша сопругата на Брус Вилис до фотката која ја објави од него и неговата поранешна сопруга Деми Мур, а е направена кога тие беа во брак во 93-та. Дали станува збор за сарказам или искреност? Иако се во одличен однос, многумина не сфаќаат како е можно да не постои љубомора помеѓу поранешната и сегашната сопруга.

mi-se-dopagjaa-zaedno-soprugata-na-brus-vilis-objavi-fotka-od-nego-i-bivshata-demi-mur-koga-bea-par-foto-01.jpg

По само неколку месеци врска, Брус Вилис и Деми Мур, во 80-тите години стапија во брак, но на големо разочарување на фановите, по 13 години и две деца, се разделија.

mi-se-dopagjaa-zaedno-soprugata-na-brus-vilis-objavi-fotka-od-nego-i-bivshata-demi-mur-koga-bea-par-foto-03.jpg

Иако двајцата си најдоа нова љубов и продолжија со своите животи, сепак останаа во добри пријателски односи, најмногу заради децата.

Овој однос го негуваат до ден-денес кога нивните деца се возрасни, а Брус е во брак со Ема Хеминг Вилис, со која има и две други деца.

Карантините во пандемијата, Деми Мур ги поминуваше со него и ќерките во семејната куќа, а откако семејството објави за неговата влошена состојба со деменцијата, тие постојано се заедно.

Сегашната и поранешната сопруга на Брус Вилис се во одличен однос, заедно се грижат за актерот и за децата, но сепак еден гест на Ема ги зачуди фановите.

На Инстаграм Стори, Ема објави стара фотка од Брус и Деми, направена во 1993-та година, кога тие беа во брак и напиша: „Да, и мене ми се допаѓаа заедно“.

mi-se-dopagjaa-zaedno-soprugata-na-brus-vilis-objavi-fotka-od-nego-i-bivshata-demi-mur-koga-bea-par-foto-02.jpg

Инаку, оригинално фотографијата е објавена на фан профил на Брус Вилис, во склоп на албум од повеќе негови фотки по повод 68-иот роденден, а на ниту една ја нема Ема и неговите деца со неа.

Па, дали станува збор за саркастичен одговор од страна на Ема или искреност, што мислите?

Прочитајте и Актерот не е фан на моногамијата - Зошто Брус Вилис и Деми Мур се разделија по 13 години брак?

Повеќе фотки од Брус Вилис и неговата сопруга Ема:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Деми Мур и по 12 години е лута на Ештон Кучер: „Ме понижуваше, објави разголена фотка како лежам пиј... „Ме сликаше и ми покажуваше фотки како лежам врз тоалетната школка, додека повра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg