Деми Мур и по 12 години е лута на Ештон Кучер: „Ме понижуваше, објави разголена фотка како лежам пијана на шолја“

„Ми покажуваше фотки како лежам врз тоалетната школка, додека повраќам. Во тоа време мислев дека се шегува или дека сака да ми помогне, но подоцна ми стана јасно дека неговата намера била да ме исмее“ - Деми Мур се сеќава на понижувањата кои ги имала во бракот со Ештон Кучер.

demi-mur-i-po-12-godini-e-luta-na-eshton-kucher-me-ponizhuvashe-objavi-razgolena-fotka-kako-lezham-pijana-na-sholja-01.jpg

Во пресрет на Оскарите, кои ќе се одржат на 3 март 2025, многумина предвидуваат дека Деми Мур ќе ја добие златната статуетка во категоријата за најдобра актерка.

62-годишната глумица веќе неколку месеци е во центарот на вниманието на јавноста, а причината за тоа е улогата во филмот Substance, која ѝ донесе многу награди, но и нејзината прва номинација за Оскар.

demi-mur-i-po-12-godini-e-luta-na-eshton-kucher-me-ponizhuvashe-objavi-razgolena-fotka-kako-lezham-pijana-na-sholjar-06.jpeg

И додека сè се врти околу Деми, на површина излегоа нови валкани тајни од времето кога беше во брак со 16 години помладиот актер Ештон Кучер, а кои таа ги раскажа во својата биографија Inside Out.

Деми вели дека била трезна скоро 20 години, кога западнала во депресија и се вратила на старите навики - алкохол и наркотици.

Причината за ова бил спонтаниот абортус, односно бебето што го чекала во бракот со Ештон, а кое го загубила во шестиот месец од бременоста.

demi-mur-i-po-12-godini-e-luta-na-eshton-kucher-me-ponizhuvashe-objavi-razgolena-fotka-kako-lezham-pijana-na-sholjar-02.jpg

Борејќи се со ненадминливата трагедија, Деми почнала да пие многу, а потоа почнала да зема и многу апчиња.

Таа често не знаела каде се наоѓа, што прави, а во една пригода за малку и ќе се удавела во џакузи.

„Сакав да бидам нормална, забавна девојка која ќе оди во чекор со сопругот, зашто мислев дека Ештон сака да сум таква.

Но, по некое време веќе не можев да се контролирам, не знаев како да престанам“ - пишува таа во автобиографијата.

demi-mur-i-po-12-godini-e-luta-na-eshton-kucher-me-ponizhuvashe-objavi-razgolena-fotka-kako-lezham-pijana-na-sholjar-03.jpg

Првото „освестување“ го доживеала на забавата на својот 45-ти роденден.

Тоа што почнало како интимна вечера со неколку пријатели, се претворило во луда журка со текила.

demi-mur-i-po-12-godini-e-luta-na-eshton-kucher-me-ponizhuvashe-objavi-razgolena-fotka-kako-lezham-pijana-na-sholjar-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава