На Кристијано Роналдо му е „преку глава“ од Џорџина: „По цел ден е на шопинг и само му ги троши парите“

„Роналдо не е среќен. Џорџина по цел ден е на шопинг во трговските центри во Ријад, а на Роналдо повеќе не му се допаѓа ова. Таа само троши и троши и троши“, вели еден од неколкуте извори кои тврдат дека на фудбалерот му е „преку глава“ од Џорџина, а се разјаснија и гласините околу тоа дека во документи таа му е пишана како робинка за да живеат заедно невенчани. 

na-kristijano-ronaldo-mu-e-preku-glava-od-dzhordzhina-po-cel-den-e-na-shoping-i-samo-mu-gi-troshi-parite-01.jpg

Според Инстаграм објавите на Џорџина Родригез, се чини дека таа и Роналдо живеат во идила со нивните деца.

Сепак, некои извори тврдат дека ситуацијата помеѓу нив е далеку од совршена.

За португалска телевизија, неколку извори изјавија дека на Роналдо му е „преку глава“ од однесувањето на Џорџина.

За Џорџина веќе е добро познато дека сака да се фали со раскошниот живот.

Всушност, таа сними и цел документарец во кој го покажува своето секојдневие и луксузот со којшто е опкружена.

На Инстаграм, пак, редовно споделува фотки од луксузните патувања, приватниот авион, јахтата, скапиот накит, брендираната облека...

Џорџина честопати е и критикувана за објавите, а по сè изглед дека ни на Роналдо не му се допаѓа постојаното трошење и фалење.

Според изворите, Џорџина станувала сè посебична и не правела ништо друго, освен што одела на шопинг.

„Однесувањето на Роналдо во јавност во изминатиов период покажува две работи: дека тој не е најсреќен во моментот и, колку повеќе се оддалечува од мајка му Долорес, толку му се намалува трпеливоста“, вели еден извор, додавајќи дека Џорџина е причината што фудбалерот е оддалечен од мајка му.

„Роналдо не е среќен. Џорџина по цел ден е на шопинг во трговските центри во Ријад, а на Роналдо повеќе не му се допаѓа ова. Таа само троши и троши и троши.

Уште полошо е што мисли дека е на исто ниво како Роналдо. Самата се става на пиедестал, а нему не му се допаѓа ова“, додава друг извор.

Според друг извор, голема е веројатноста Џорџина и Роналдо да се разделат.

„Не им оди добро и постои веројатност да се разделат. Реалноста е дека на Роналдо му е преку глава од неа. Сметам дека нема да има свадба“.

Сепак, друг извор вели дека ова не е точно – сите гласини се со цел да ѝ наштетат на Џорџина.

„Можам да потврдам од 100% сигурни извори дека им е навистина добро. Сето ова се само приказни, озборувања, измислени од луѓе кои не ја поднесуваат Џорџина. Тие се вљубени“.

Засега ни Џорџина ни Роналдо се немаат огласено за шпекулациите. Моментално парот е во Саудиска Арабија, а Џорџина и оттаму редовно се фали со луксузот.

Во Саудиска Арабија е забрането невенчани парови да живеат заедно, но Џорџина и Роналдо добија дозвола. Поради ова, се појавија гласини дека во документи, Џорџина е запишана како робинка на Роналдо за да може да живее со него.

Сепак, се покажа дека гласините се лажни - наводно се прошириле со цел да се исмеваат религијата и ограничувањата за жените во Саудиска Арабија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава