Албанија прва влезе во финале, Словенија последна – Познати новите 10 финалисти на Евровизија 2023

Албанските преставници Албина и фамилија Келменди се првите што обезбедија учество на финалната вечер на Евровизија 2023. Погледнете кои земји одат понатаму?

albanija-prva-vleze-vo-finale-poznati-novite-10-uchesnici-na-evrovizija-2023-01.jpg

Вечерва се одржа втората полуфинална вечер од Евровизија 2023. На сцената настапија уште 16 земји учеснички кои се надеваа дека ќе обезбедат пласман во големото финале што ќе се одржи во сабота (13.05).

Од земјите во соседството вечерва настапија Грција, Словенија и Албанија, а Македонија годинава не настапува на престижниот музички настан.

Претставничките на Австрија Теја и Салена „го оживеаја“ познатиот писател Едгар Алан По на сцената, Словенците „Џокер Аут“ ги украдоа воздишките на голем број дами ширум светот.

Посебно привлече внимание и театарот со драг кралици што беа облечени во слични аутфити како трите водителки на Евровизија, кои настапија додека се исчекуваа резултатите од гласањето.

Албанија е првата земја што влезе во финале, по неа влегоа Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.

Како што може да се забележи, грчкиот претставник не успеа да обезбеди учество во финалето.

Заедно со останатите 10 земји што обезбедија пласман во вторникот и шесте земји што директно одат во финалето, на сцената во сабота ќе настапат вкупно 26 земји.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е Албанката што го доведе телото на Ким Кардашијан до совршенство? Сенада Грека е личниот фитнес тренер на Ким Кардашијан. Родена е во Албанија, но...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Ја маѓепса Цеца на вечера во Белград, гласини за афера со Микеле Мороне - Сите бивши љубови на Симон... Симоне Сузина е еден од најпосакуваните италијански актери и модели.. И иако чес...
Леукемија, сообраќајки: „Евровизиската клетва“ што ги следи натпреварувачите (и победниците) Александар Рибак кој победи на Евровизија во 2009 година со песната Fairytale по...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...

Најчитани неделава