„Поранешниот сопруг ме натера да снимам порно за да ме гледа со други мажи и жени“: Миа Калифа жали за времето поминато во индустријата

„Имав 20 години кога добив визит картичка од човек што бара актери за порно индустријата. Му ја покажав на сопругот, а нему ми се допадна идејата. Мислам дека тоа беше еден негов фетиш, да ме гледа со други мажи или жени“, вели Миа Калифа за времето поминато во порно индустријата и во ново интервју повторно открива дека жали за тој период од својот живот.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-video-01_copy.jpg

Некогашната порно актерка Миа Калифа (30), по долго време даде интервју и откри дека нејзиниот поранешен сопруг ја натерал да почне да снима филмови за возрасни, но и дека добивала закани по живот од ISIS откако сними секс сцена во која носи хиџаб.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-video-06_copy_copy.jpg

Миа Калифа, која помина само три месеци во порно индустријата, за кратко време стана една од најпопуларните порно актерки.

Таа во интервју си ја отвори душата и вели дека тоа е една од најголемите грешки што ги направила во животот и дека се кае за сè.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-02.jpg

Поранешната порно ѕвезда беше гостинка во шоуто „Diary of a CEO podcast“ и таму кажа дека денес не сака луѓето да ја викаат Миа, по уметничкото име што ја прослави во светот, туку според вистинското име, Сара Џо Шамон.  

„Бев во екстремно насилна врска со маж што се однесуваше со мене како со милениче. Тоа е оној тип на врски во кои се впуштаат повеќето тинејџерки кога се во доцните тинејџерски години.

Моето момче ме убеди да одиме во Лас Вегас и да се венчаме 4 дена по мојот 18-ти роденден. Имав мала самодоверба и затоа се врзав за некој што беше среќен да ме искористува и да манипулира со мене.

Но, во тој период од животот бев среќна што можам да задоволам некого“, раскажа таа.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-04.jpg

Калифа тврди дека нејзиниот поранешен сопруг, кој во тоа време бил дел од американската армија, ѝ го претставил порно светот како нешто прекрасно и ја убедил да почне да снима филмови за возрасни.

„Имав 20 години кога добив визит картичка од човек што бара актери за порно индустријата. Му ја покажав на сопругот, а нему ми се допадна идејата. Мислам дека тоа беше еден негов фетиш, да ме гледа со други мажи или жени“, вели таа во интервјуто.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-video-02.jpg

Калифа не сними многу порно филмови, но најмногу се прослави по сцената во која има секс во тројка додека носи хиџаб, за што доби и многу критики.

„По ова почнав да добивам смртни закани од ISIS. Тие фотошопираа моја слика на која сум обезглавена и ми се заканија дека ова ќе ми се случи навистина“, додава таа.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-03.jpg

Поранешната порно актерка во интервјуто зборува и за времето кога ја напушти порно индустријата, депресијата низ која поминала, но и за тоа колку ѝ е тешко да одржи врска, бидејќи нејзиното минато и понатаму ја прогонува, иако таа веќе 10 години не снима порно филмови.

poraneshniot-soprug-me-natera-da-snimam-porno-od-isis-mi-se-zakanuvaa-deka-kje-me-ubijat-mia-kalifa-so-novi-detali-za-minatoto-05.jpg

Во продолжение целото интервју со Миа Калифа:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg