„Со мажите бев за да добијам деца“ – порно актерката Џена Џејмисон се венча со жена, откако пред 8 месеци раскина со свршеникот

„Децата ми беа главна мотивација за да бидам во брак со мажи, но конечно ја најдов вистинската личност“ – поранешната порно актерка Џена Џејмисон по големиот број пропаднати врски со мажи од кои доби 3 деца, стапи во брак со 9 години помлада жена. Таа минатата година беше целосно неподвижна, па мораше да научи повторно да оди.

so-mazhite-bev-za-da-dobijam-deca-porno-akterkata-djena-djejmison-se-omazhi-za-zhena-otkako-pred-8-meseci-raskina-so-svrshenikot-01.jpg

Поранешната порно актерка Џена Џејмисон (49) откри дека на 23-ти мај во интимна церемонија се омажила за инфлуенсерката Џеси Лолес (40).

Двете жени стапија во брак во интимна церемонија во Лас Вегас, а Џена ги сподели фотографиите на Инстаграм и го смени своето презиме, па сега е позната како Џена Џејмисон Лолес.

„Ја најдов личноста со која отсекогаш требало да бидам. Постојано размислувам зошто бев во врски и стапував во брак со мажи и знам дека е себично и лошо, но мислам дека главна мотивација ми беа децата“ – изјави таа за магазинот People.

Џена откри дека се вљубила во Џеси додека ги гледала нејзините видеа на социјалните мрежи и така се запознале.

Тие почнале да се гледаат во јануари годинава, а Џеси ѝ предложила брак на Џена во март годинава.

„Иднината изгледа премногу светло и премногу сум возбудена да бидам во оваа авантура со Џеси“ – рече Џена.

so-mazhite-bev-za-da-dobijam-deca-porno-akterkata-djena-djejmison-se-omazhi-za-zhena-otkako-pred-8-meseci-raskina-so-svrshenikot-04.jpg

Инаку, Џема до ноември минатата година беше во врска со Лиор Битон. Тие двајца беа свршени од 2015-та година, а во 2017-та година заедно ја добија ќерката Бател.

so-mazhite-bev-za-da-dobijam-deca-porno-akterkata-djena-djejmison-se-omazhi-za-zhena-otkako-pred-8-meseci-raskina-so-svrshenikot-05.jpg

Кон крајот на минатата година Џена призна дека таа и Лиор минуваат низ проблеми во врската, а на Инстаграм објави фотографија со натпис:

„Сега сум на возраст во која единствената причина што ми е потребна за да ставам крај е ако знам дека заслужувам подобро“.

Многумина оваа објава ја протолкуваа како нејзин начин јавно да каже дека ставила крај на врската со Лиор.

so-mazhite-bev-za-da-dobijam-deca-porno-akterkata-djena-djejmison-se-omazhi-za-zhena-otkako-pred-8-meseci-raskina-so-svrshenikot-06.jpg

Таа претходно се соочуваше со тешка здравствена состојба, а заради проблемите со мускулите 3 месеци беше целосно неподвижна и мораше повторно да научи да оди.

Освен ќерката Бател, Џена има уште две деца од бракот со Тито Ортиз. По разводот со него во 2013-та година, Тито доби целосно старателство над нивните два сина.

Прочитајте и Беше најпозната порно актерка, а денес е неподвижна и 9 години не ги видела своите деца – Факти за Џена Џејмисон

so-mazhite-bev-za-da-dobijam-deca-porno-akterkata-djena-djejmison-se-omazhi-za-zhena-otkako-pred-8-meseci-raskina-so-svrshenikot-07_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи) Иако пробуваат да негираат, Вил Смит и Џејда имаат отворен брак. Но, ова изгледа...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава