Роналдо превртува со очи додека Џорџина Родригез зборува - сè погласни тврдењата дека е крај на нивната љубов (видео)

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, стана хит на Твитер, откако беше снимен како превртува со очи додека Џорџина зборува со новинарите. По ова се засилија гласините дека постојано се караат и дека на љубовта ѝ долшол крај.

ronaldo-prevrtuva-so-ochi-dodeka-djordjina-rodrigez-zboruva-se-poglasni-tvrdenjata-deka-e-kraj-na-nivnata-ljubov-video-01_copy.jpg

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез беа во Мадрид, на настан на кој фудбалерот ја промовираше неговата нова вода за пиење со минерали „Minerales de Avila“.

По прес конференцијата, новинарите побарале од Џорџина да им одговори на неколку прашања, не само за бизнисот на фудбалерот, туку и за нивниот приватен живот. И тогаш новинарите ја снимиле реакцијата на Роналдо каде превртува со очите, а видеото почна да се споделува на Твитер.

Наводно, Роналдо превртел со очи откако новинарите ја прашале Џорџина дали ќе се омажи со славниот фудбалер. Според близок пријател на Кристијано, на Роналдо не му се допаднало тоа што таа воопшто одговорила на ова прашање, без оглед на тоа каков бил нејзиниот одговор.

Твитерџиите, пак, се шегуваат дека Џорџина е аргентински шпиун, а има и такви кои велат дека видеото е извадено од контекст и дека веднаш по ова Роналдо се смее.

ronaldo-prevrtuva-so-ochi-dodeka-zboruva-djordjina-se-poglasni-tvrdenjata-deka-e-kraj-na-vrskata-videoronaldo-prevrtuva-so-ochi-dodeka-zboruva-djordjina-se-poglasni-tvrdenjata-deka-e-kraj-na-vrskata-video-02.jpg 

Реакцијата на Роналдо уште повеќе ги засили гласините дека врската меѓу фудбалерот и инфлуенсерката е во криза и дека нема да бидат заедно уште долго време.

Светските медиуми од поодамна пишуваат дека тие постојано се караат, а Роналдо е наводно лут и што неговата девојка сè помалку време посветува на децата, а многу повеќе на себе и својата инфлуенсерска кариера.

ronaldo-prevrtuva-so-ochi-dodeka-zboruva-djordjina-se-poglasni-tvrdenjata-deka-e-kraj-na-vrskata-videoronaldo-prevrtuva-so-ochi-dodeka-zboruva-djordjina-se-poglasni-tvrdenjata-deka-e-kraj-na-vrskata-video-03_copy.jpg

Нему не му се допаднал ниту документарецот, во кој Џорџина открива како живеат и смета дека раскажала премногу интимни детали во втората сезона.

И покрај ова, по промоцијата, Џорџина на својот Инстаграм објави фотка со Роналдо и ја промовираше неговата нова вода.

Џорџина и неодамна беше критикувана за своето однесување со децата, откако на Инстаграм објави фотки од 6-иот роденден на близнаците Матео и Марија, но во фокусот на фотките беа таа и нејзиниот скап накит и облека, а не децата и нивниот роденден.

Прочитајте и Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во врска пред Роналдо?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Децата јадат благи прженици, имаат огромна детска соба со шминкерници – Џорџина Родригез покажа моме... Ги покажа децата како јадат благи чурос, очигледно тато попуштил за исхраната, а...
„Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар „Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не м...

Најчитани неделава