Рене Зелвегер (54) ќе се мажи за 10 години помлад водител, откако не успеа да го одведе пред олтар Бредли Купер

Беше заљубена во Џим Кери, Кени Чесни и Бредли Купер, а сепак Рене Зелвегер немаше среќа во љубовта. Но, се чини дека актерката најпозната по улогата во филмот Bridget Jones's Diary, конечно ја пронајде својата вистинска љубов со 10 години помладиот британски водител.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-01.jpg

Актерката Рене Зелвегер (54) по 2 години врска ќе се мажи со британскиот водител Ант Анстед (44).

Веста за нивната свршувачка дојде само неколку дена откако Ант објави прва фотка со Рене и две од неговите три деца, дотерани за настан, пишува Daily Mail.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-05.jpg

Рене и Ант се заедно од 2021 година.

Ова ќе биде втор брак за Рене, која беше мажена за кантри пејачот Кени Чесни, а трет за Ант.

Познатиот британски водител беше оженет со Луиз од 2005 до 2017 година и парот има две деца, ќерката Амели и синот Арчи.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-04.jpg

Во 2018 година тој се ожени со Кристин Хол, а по една година го добија синот Хадсон.

Се разведоа во 2021 година, а брзо потоа Ант ја запозна Рене.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-03.jpg

Иако Рене и Ант не зборуваат често за нивната врска, американските медиуми, повикувајќи се на блиски пријатели на актерката, пишуваа дека Рене е конечно вистински среќна во љубовта и дека Ант е нејзината сродна душа.

Популарната Бриџит Џонс, ликот по кој најмногу ја препознаваат, низ годините како да немаше среќа во љубовта, иако беше во врска со многу познати мажи.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-07.jpg

Кого сакаше Рене Зелвегер низ годините?

Во 1999-та година Рене го запозна актерот Џим Кери за време на снимањето на филмот Me, Myself and Irene.

Беа лудо вљубени и по една година во врска, Кери ѝ даде веренички прстен вреден 200.000 долари.

Но, во 2000-та година тие одлучија да раскинат.

rene-zelveger-54-kje-se-mazhi-za-10-godini-pomlad-voditel-otkako-ne-uspea-da-go-odvede-pred-oltar-bredli-kuper-10а.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава