Не се проблем парите, туку старателството над кучето – Нови детали за разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело

На Џо му пречело што Софија продолжува да пие, иако тој со години се бори со алкохолизмот. Актерката заминала сама да го слави роденденот во Италија, а се очекува дека нивниот развод ќе биде лесен затоа што имаат предбрачен договор, но може да имаат проблем заради старателството над кучето.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-01.jpg

Веста дека Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат изненади многумина, но не и оние најблиските. На луѓето што се блиски до парот им било јасно дека нивниот брак е во криза, а наводно покрај тоа што карактерно се многу различни, голема улога одиграле и животните навики на актерката.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-06_copy.jpg

Откако актерката сама отиде во Италија за да го прослави 51-иот роденден со пријателите и доби само „студена“ честитка на социјалните мрежи од сопругот, нејзините обожаватели почнаа да шпекулираат дека најверојатно таа се соочува со криза во бракот.

Набрзо потоа, парот излезе со официјално соопштение во кое ја известиja јавноста дека по 7 години, одлучиле да стават крај на бракот.

Покрај тоа што карактерно се премногу различни, извори блиски до парот за светските медиуми тврдат дека голема улога одиграло и тоа што Вергара не сакала да го поддржи партнерот во неговата битка со зависноста од алкохол.

„Фактот што Софија продолжува да пие алкохол имаше големо влијание врз нивниот брак. Џо не мислеше дека ќе ја менува Софија на кој било начин, но не размислуваше ниту за последиците врз нивниот брак од тоа што таа и понатаму пие алкохол“ – велат извори блиски до парот.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-05.jpg

Џо од 2000-тата година наваму се бори со зависноста од алкохол и се труди да остане трезен во последните 23 години. Тој претходно изјави дека на почетокот на кариерата имал проблеми со зависноста.

„Имаше момент кога верував дека ми нема спас. Во пиењето наоѓав спас за да не се справувам сам со себе. Сметам и дека глумата беше уште еден начин за јас да не бидам – јас.

Се качував на сцената и имав можност јас да не бидам јас. Ќе слезев од сцената и одев во бар за да побегнам од себе. Тоа го правев секој ден“ – раскажа Џо.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-04.jpg

Софија на Инстаграм деновиве објавуваше фотографии од нејзиниот одмор во Италија, а очигледно не се грижи дека со разводот ќе загуби дел од своето богатство затоа што пред бракот таа и Џо потпишале предбрачен договор и немале заедничка сметка.

Благодарение на улогата во хит серијата Modern Family, тоа што беше судија во America’s Got Talent, како и на голем број други договори и соработки, Софија на својата сметка денес има 180 милиони долари.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-07.jpg

Нејзиниот сопруг, пак, кој се прослави со улогата во филмот Magic Mike, на својата сметка има околу 40 милиони долари.

Според Page Six, ако секој од нив одлучи да си замине од бракот со тоа што го поседува и не бара ништо од брачниот другар, тогаш сѐ ќе се реши многу брзо.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-03.jpg

Тие заедно имаат куќа вредна 10 милиони долари во Беверли Хилс, а неодамна наводно купиле уште еден имот во близина.

Се очекува дека единствената битка што би можеле да ја водат е за старателството над нивната чивава, Баблс.

ne-se-problem-parite-tuku-staratelstvoto-nad-kucheto-novi-detali-za-razvodot-na-sofija-vergara-i-djo-manganielo-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава