„Јас воопшто не сум како него“ – Зошто Марго Роби е во лоши односи со татко ѝ?
- Детали
- недела, 30 јули 2023
Тој имал богатство од 100 милиони долари, но Марго морала да работи како хигиеничарка, келнерка и бармен за да собере пари за училиште. Додека за мајка ѝ секогаш вели дека ѝ е благодарна за сѐ, за татко ѝ воопшто не сака да зборува – Дали и зошто Марго Роби е во лоши односи со татко ѝ?

Марго Роби во моментов е актуелна заради нејзината улога во филмот Barbie, a со години наназад привлекува внимание и заради влошените односи со татко ѝ.
Убавата Австралијанка многу ретко зборува за татко ѝ, а во една прилика само накратко рече:
„Јас воопшто не сум како него“.
Што знаме за родителите на убавата актерка и зошто таа не сака да зборува за односот со татко ѝ?
Актерката е родена на 2-ри јули во 1990-та година како трето од четирите деца на Сари Кеслер и Даг Роби. Сари била физиотерапевт, а Даг бил тајкун кој имал свои поседи со шеќерна трска.

Во 1995-та година нејзините родители одлучиле да се разведат, по што убавата актерка останала да живее со мајка ѝ, а детството заедно со нејзините двајца браќа и сестра Анја, Лаклан и Камерон го поминала на фармата на нејзините баба и дедо.

Додека биле мали, децата уживале во луксузниот начин на живот, но по разводот, нештата се промениле и четирите деца морале да преживуваат со платата на нивната мајка.

Со оглед на тоа што од најмали нозе Марго постојано глумела и сакала да ги имитира актерите што ги гледала на телевизија, мајка ѝ од најмали нозе одлучила да ја прати во школа за циркус, каде покажала одлични вештини за трапез.

Додека била во средно училиште таа вели дека морала да работи на 3 работни места за да собере доволно пари за своето образование. Таа работела како хигиеничарка, во ресторан во метро и како бармен.

Со цел да успее да го оствари сонот да стане актерка, таа се запишала на Somersat College, каде студирала драмска игра. По дипломирањето се преселила во Мелбурн, каде ја започнала актерската кариера, а оттаму заминала во САД.

Според податоците што таа ги споделува, нејзиното детство по разводот на родителите воопшто не било лесно, но семејството на татко ѝ, кој имал огромно богатство раскажува сосема поинаква приказна.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н...
„Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“
Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...