Креирала посебен секси костум за да го заведува, се вљубил во нејзината „злоба“ – Амбер Херд оцрнета во новата биографија на Илон Маск

Братот на Илон, Кимбал, и вработените во Tesla во книгата го споделуваат своето мислење за Амбер, кое не е воопшто позитивно.

„Таа беше токсична личност. Кошмар. Таа беше како Џокер во Batmаn.

Главна цел ѝ беше да создава хаос. Таа се радува кога дестабилизира сѐ.

Маск остануваше по цела ноќ буден за да се расправа со неа, а потоа не можеше да стане до пладне“ – вели Сем Телер, шеф во компанијата Tesla, и близок соработник на Маск.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-13.jpg

Оваа врска ја опишуваат како „црна дупка“ која воедно е најболната во која милијардерот некогаш бил.

„Маск не е создаден за мирен семеен живот. Најголемиот број негови врски се психолошко измачување.

Најболната од сите беше со актерката Амбер Херд која го одведе во црна дупка и траеше повеќе од една година, а му нанесе болка која тој и до ден-денес ја трпи. Беше брутално“ – пишува Волтер Исаксон, авторот на биографијата.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-12.jpg

Братот на Маск, Кимбал сподели детали за тоа што довело до раскинувањето помеѓу Илон и Амбер, кое се случило за време на едно патување во Рио де Жанеиро во 2017-та година.

Илон и Амбер биле заедно со Кимбал и некои од децата на милијардерот, кога по бурна расправија актерката одлучила да се заклучила во собата и почнала да вреска дека милијардерот ќе ја нападне и дека ѝ го земал пасошот.

„Таа навистина е добра актерка и кога ќе почне да раскажува нешто, си помислуваш: ‘Леле можеби ти ја кажува вистината’. Но, тоа не е така.

Начинот на којшто успева да си креира сопствена реалност во голема мера ме потсетува на татко ми“- вели Кимбал.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-10.jpg

Периодот по раскинувањето во 2017-та година Илон го опиша како „18 месеци на немилосрдно лудило“ што било „неподносливо болно“.

Вели дека често се појавувал на средбите со инвеститорите во „коматозна“ состојба и барал да го остават сам во темна соба.

Но, брат му тврди дека бил среќен што конечно Амбер си заминала од нивните животи.

„Брат ми се вљубува во жени што се злобни со него. Тие се убави, немам зборови, но имаат темна страна и Илон знае дека се токсични“ – вели тој.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-02.jpg

Партнерката Грајмс со која Илон Маск доби 3 деца вели дека таа има една суштинска разлика со Амбер, што не го привлекува милијардерот.

„Мојот живот најверојатно би бил хаотично добро, додека нејзиниот е ‘хаотично зло’, а него го привлекува хаосот на злото.

Најверојатно тоа е поради татко му и начинот на којшто израснал, па затоа повеќе сака да го третираат лошо. За него љубов е кога некој со него е злобен или го малтретира“ – вели таа.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава