Креирала посебен секси костум за да го заведува, се вљубил во нејзината „злоба“ – Амбер Херд оцрнета во новата биографија на Илон Маск

За да го заведе, креирала костим инспириран од неговиот омилен карактер од видео игра. Милијардерот тврди дека по раскинувањето трпел неизмерна болка, а на блиските им олеснало што ја нема жената која наликувала на Џокер од филмот Batman – Илон Маск за првпат ги сподели сите детали за врската со Амбер Херд.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-01.jpg

Минатата година, врската помеѓу Амбер Херд и Илон Маск беше топ тема за време на судењето на актерката и нејзиниот поранешен сопруг, Џони Деп, коga беа објавени видео снимки од нивните тајни средби во станот на актерот.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-06.jpg

Маск во тој период се трудеше да се огради и да не зборува премногу за неговата врска со Амбер, но сега, во неговата биографија напишана од страна на Волтер Искасон, се споделени детали за тоа како се одвивала нивната врска.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-09.jpg

Сѐ на сѐ, Илон вели дека нивната врска била „брутална“.

Основачот на Tesla, тврди дека тој првпат ја видел Амбер во 2013-та година, но врската ја започнале дури по 4 години, откако таа ги поднела документите за развод со Џони Деп.

Во биографијата се открива дека нивните први средби најчесто биле на работните места.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-03.jpg

Амбер го посетила Маск во неговата фабрика во Калифорнија за да го изненади за роденденот, а тој ja посетил на снимањето на филмот Aquaman во Австралија.

Амбер толку многу се вложувала за да успее нивната врска, па потрошила два месеци на тоа да го дизајнира и да го изработи костумот за нивните „игри на улоги“ за време на интимните средби, откако тој ѝ рекол дека го потсетува на неговиот омилен лик од видео игра, Мерси од Overwatch.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-18.jpg

По објавувањето на книгата, Илон Маск на Твитер сподели фотографија од костимот што го носела Амбер.

kreirala-poseben-seksi-kostum-za-da-go-zaveduva-se-vljubil-vo-nejzinata-zloba-amber-herd-ocrneta-vo-novata-biografija-na-ilon-mask-17.jpg

Во биографијата на Маск, и неговите блиски споделуваа свои изјави за тоа како изгледала врската со Амбер, а тие немаат некои пофални зборови за неа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg