Модел на Victoria’s Secret објави видео од отстранувањето на имплантите на градите: „Бев болна заради нив, сега се чувствувам полесно“
- Детали
- четврток, 14 септември 2023
Повеќе познати жени во изминатиот период одлучија да ги отстранат имплантите на градите, а меѓу нив и моделот Џој Кориган. Таа преку видео долови како изгледала целата процедура. „Бев уплашена, но се чувствувам полесно“ – вели во видеото.
Поранешниот модел на Victoria’s Secret, Џој Кориган (35) донесе одлука да ги отстрани имплантите во градите, а целата процедура ја документираше и објави фотки и видеа на својот Инстаграм профил.
Таа претходно рече дека сака да покаже како изгледа целата процедура за да покаже како изгледа „болеста предизвикана од импланти на градите“ и дека животот по процедурата за зголемување на градите не е едноставен.
„Бев преплашена да одам на операцијата, но штом сѐ се заврши почувствував олеснување и слобода и веднаш знаев дека го направив вистинскиот избор и бев горда што си ја следев интуицијата. Да си го сакам сопственото тело е нов концепт за мене и за овој чин на љубов телото ќе ми биде благодарно“ – вели таа.
Џој на операцијата отишла заедно со нејзиниот дечко, Тед Даник, кој за време на целата процедура чекал пред операционата сала.
„Операцијата помина најдобро, сѐ беше одлично. Бев мошне омалаксана потоа и едвај одев, но целиот медицински тим се погрижи за мене. Премногу сум благодарна“ – вели таа во видеото.
Инаку, Џој одлучила да ги отстрани имплантите откако имала симптоми на „болест предизвикана од импланти на гради“, кои вклучуваат постојан замор, болки во мускулите, конфузија, чешање на очите и голем број други симптоми.
Една од нејзините следбенички коментира дека веќе 25 години има импланти, па долго време размислува дали да ги извади, но вели дека стравува дека нема да изгледа толку добро потоа, па ги праша другите што ја поминале процедурата за да ги отстранат.
„Не, воопшто“, „Досега не сум сретнала жена што се пожалила затоа што ги отстранила“ – стои во дел од коментарите, а Џој на ова одговори:
„И јас бев загрижена за истите прашања. Кариерата ја изградив врз основа на мојот изглед и моето тело, па одлуката беше мошне застрашувачка. Но, сега се чувствувам подобро и полесно.“
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





